Јонуз за КУРИР: СДСМ со ваква постава не може ни на мали голчиња да го тепа ВМРО-ДПМНЕ, а камоли на избори

November 28, 2024
2 mins read

Со ваква постава СДСМ не може да го тепа ВМРО-ДПМНЕ на мали голчиња во фудбал, а камоли на избори. Вака аналитичарот Агим Јонуз за КУРИР го кометира новоизбраното раководство на опозициската СДСМ.

-Она што се случува во СДСМ е продолжеток на армагедонот на култот на партија која што реално стои зад народот во смисла на продолжеток, на континуитет на еден гигант како што е се викаше СДСМ. Во актуелниов момент тоа што е позитивно е давањето шанса на млади и нови ликови, меѓутоа млади и нови ликови во недостаток на здрав амбиент во партијата. Колку тие ќе имаат авторитет, сила и моќ да внесат нова свежина, нови идеи, нови сили, нови правци е навистина дискутабилно.

Дали во СДСМ се случува само преструктуирање на послушници или се случува нов момент на пресврт во подигањето на СДСМ?

-Лично сметам дека СДСМ сепак требаше да сочува некои авторитети кои нешто значат, потенцира Јонуз и додава дека допрва да создава авторитети СДСМ нема време.

„Кога велам авторитети, подразбирам луѓе на кои што народот им верува, стои зад нив, ги поддржува, соучествува во креирањето на секојдневната политика- лично сметам дека нема да помине долг период, а СДСМ допрва ќе има внатрешни сериозни проблеми“.

Реакција по вчерашните внатрепартиски раководни именувања во СДСМ следеше и од ВМРО-ДПМНЕ.

-Венко Филипче, неврохирургот на Зоран Заев уште еднаш вечерва покажа дека не можеа сам да стои на свои нозе во политиката. По изборот на Централниот одбор во кој има само поранешни функционери на СДС од времето на Заев, како и заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска која се бореше со сите сили да го устоличи Заев за премиер и вечерва со изборот на потпретседателите, како и генералниот секретар, така и двајцата организациски секретари докажа дека нема ништо ново освен стари излитени кадри. Свежина и промени во СДС не се ни на повидок, наводните промени не се ништо друго освен продолжување на политиката на Заев, стои во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека потпретседателите се само продолжена рака на Заев кои во негово време беа стоти ешалон сега му ги нуди на Филипче за во прв.

-Потпретседателите се без исклучок случи на Заев. Поранешната министерка за животна средина е потрчко на Заев. Ана Чупеска Станишева, професорка на Правниот факултет во Скопје Јустинијан Први е позната во јавноста по налудничавата идеја стотина македонски новинари да завршат в затвор. Кристина Костова која како печат од своето делување ја има само Шарената револуција. Едно е јасно светлина во тунелот наречен СДС нема, има само стари рециклирани кадри кои му служат на Заев што говори и дека тој ќе ја води партијата, а не Филипче, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакции по изборот на Филипче за раководството, следат и од поранешни функционери на СДСМ.

Поранешниот пратеник и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов не го крие незадоволството од новото раководство на СДСМ. Преку песната „Во бестрага“ јавно реши да ѝ честита на партијата за новите кадри кои ги избрала.

Наместо коментар… кратко напиша Шилегов, алудирајќи на новото партиско раководство.

На вчерашната седница за нови потпретседатели беа избрани поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката Ана Чупеска, битолчанецот Менде Илиевски од тамошниот Совет и Кристина Костова која е активна во рамките на Централниот одбор на СДСМ.


sdsm.org.mk

Партијата го избра Александар Димитријевиќ од општинската организација на СДСМ во Гази Баба за генерален секретар, а организациони секретари ги избра Љупчо Фармаковски од СДСМ Центар и Мартин Костовски кој е пратеник во Собранието.

Претходно на Конгрес одржан викендов за нова заменик претседателка на СДСМ, односно втор човек по Филипче, беше избрана Фани Каранфилова Пановска, или во јавноста позната како Фани Сорос.

sdsm.org.mk

Се јасно говори во кој правец се движи партијата…

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Над 1.300 камери ќе бидат поставени на улиците во Атина за да „ловат“ сообраќајни прекршоци

Следно

Новиот Управен одбор на АЕК ќе ја стопира одлуката за покачување на платите за 20 проценти, најави Мицкоски

Latest from Blog

Сиљановска Давкова: Ако дозволиме ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета коментирајќи ја вчерашната изјава на новоизбраната еврокомесарка за проширување Марта Кос истакна дека и забележува на дикцијата во однос на

Мицкоски до Битиќи: Заврши времето „како до сега“ каде некои од инвеститори имале привилегии поради интерес на одредени политички моќници

„Што се однесува до Костал и до останатите кои ги споменавте Епсотех и Брејнчајлд и слично, мислам дека сопствениците не го споделуваат истото искуство и не го имаат истото чувство што го

Операција „Адмирал“: Разоткриена измама со ДДВ во ЕУ од 2,9 милијарди евра

Европското јавно обвинителство откри голема криминална група која  која преку измама со ДДВ предизвикала штета во висина од 2,9 милијарди евра. Истрагата, која почнала во ноември 2022 година, утврдила дека осомничените користеле

Извори од Брисел: Решението за деблокада мора да биде дел од преговарачката рамка

Нов туш од Брисел – нема уставни зимени со одложено дејство. ЕУ работи на креативно решените за деблокада на ЕУ интеграциите на Македонија, но тоа решение мора да биде дел од преговарачката рамка

Ердоган: „Новиот потег на американскиот претседател за прекин на огнот во Газа е задоцнет, но важен чекор“

АНКАРА (АА) – Новата најава на американскиот претседател за прекин на огнот во Појасот Газа доаѓа доцна, но тоа е важен чекор, изјави во четвртокот турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.
Go toTop