Седницата на Собранието на Србија е прекината поради физички конфликт меѓу пратениците

November 25, 2024
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Седницата на Народното собрание на Србија денес накратко беше прекината по тензиите и турканиците меѓу опозицијата и претставниците на владејачката коалиција, известува Анадолу.

Претставниците на Собранието на Србија денес расправаат за предлог-буџетот за 2025 година и за придружните закони. Покрај предлог-буџетот за следната година, на дневен ред на седницата има околу 50 точки. Седницата беше накратко прекината поради краток конфликт меѓу претставниците на владејачката коалиција и опозицијата во собраниската сала.

Претставници на владејачката коалиција и на опозицијата дојдоа на говорницата држејќи транспаренти, по што настана турканица, физичка пресметка и гаѓање со хартии и вода. Ситуацијата се смири по десетина минути кога претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, се симна меѓу спротивставените страни и пратениците од владејачката коалиција ги упати кон нивните места.

За време на директниот пренос можеше да се забележи дека претставниците на опозицијата станаа држејќи транспаренти на кои пишуваше „Рацете ви се крвави“ и „Корупцијата убива“, а претставниците на власта застанаа со транспаренти „Жолт џган, корупција е ваше средно име“.

До конфликт дојде и на балконот, каде што претставниците на власта закачиле транспарент со кој порачуваат „Жолтите крадци сакаат граѓанска војна, а Србија сака работа“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: До јануари 2025 година ќе имаме нацрт закон за сајбер безбедност

Следно

Истанбулскиот форум ‘Џиханума’ од 13 до 15 декември ќе ги разгледува современите прашања на исламскиот свет

Latest from Blog

ШПАНИЈА ГОРИ, КОЈ ЈА ОСТАВА ДА ИЗГОРИ? Мадрид имал време да најде европски замени за руските авиони – парите биле потрошени за Украина

Европската комисија и Урсула фон дер Лајен одбиле да ѝ дозволат на Шпанија да користи руски хеликоптери Ка-32 за гаснење нa шумските пожари. Ваквата одлука дошла поради тоа што ваквите хеликоптери биле

“БОМБА“: И Барса се вклучува во трката по Родри!!!

Уф, каква “бомба“ денеска лансираат медиумите во Шпанија, поточно во Каталонија! Апсолутно сите релевантни инсајдери од фудбалскиот пазар се убедени дека Родри ќе стане нов член на Реал Мадрид, но сега доаѓа

ВО ОВИЕ ДРЖАВИ ЌЕ СЕ ДЕПОРТИРААТ МИГРАНТИТЕ ОД ЕУ – Само една држава примател е од нашиот регион

Се прочистува и финализира списокот на држави во кои ќе се депортира “вишокот“ мигранти од Европската унија, пред се оние дојдени од Азија и Африка. На состанокот на Советот на ЕУ на
Go toTop