ССМ: Мерките на Владата не помогнаа, синдикалната кошничка од јануари досега поскапе за 4.800 денари

November 20, 2024
1 min read

Синдикалната минимална кошничка за ноември изнесува 62.021 денар, што значи дека четиричлено семејство без 1.000 евра месечно не може да ги покрие основните трошоци. Според податоците, само овој месец трошоците се зголемиле за 772 денари поради поскапување на прехранбените производи. За семејствата кои живеат во изнајмен стан од 60 квадрати, минималните трошоци достигнуваат 77.396 денари.

„Мерките на Владата не ги донесоа очекуваните резултати. Трговците ги злоупотребија и неосновано ги покачија цените. Само оваа година, минималната кошничка порасна за над 4.800 денари. Владата мора да ги заузда трговците, бидејќи следниот чекор може да бидат протести,“ изјави Иван Пешевски од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, во интервју за ТВ21 изјави дека владините мерки донеле заштеди од 1.200 до 1.500 денари месечно за четиричлено семејство, а во комбинација со мерките за училишен прибор, заштедата во последните два месеца изнесува 3.000 денари.

Министерот најави дека од 15 декември до 15 јануари ќе биде воведена новогодишна кошничка со пониски цени. Трговците ќе изберат производи за кои ќе намалат маржите за 5 проценти, додека производителите ќе го направат истото.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пренџов: Македонските граѓани заслужуваат да се дел од ЕУ, реципроцитетот значи и Македонците и Бугарите да се победници во овој процес

Следно

Николоски на средба со ЕБОР: Решителни сме да ги завршиме проектите во патната и железничката инфраструктура

Latest from Blog

РУСКАТА “ПОДМОРНИЦА НА СУДНИОТ ДЕН“ за прв пат за спушти во морето. Која е нејзината цел?

Најновата руска нуклеарна подморница, поради капацитетот, составот на вооружување и стартешката подвижност е наречена “подморница на судниот ден“ наменета за нуклеарна војна – за прв пат го напушти пристаништето минатата недела. Додека

Драган Даниловски: Дел од заболените и починатите од западнонилска треска се заразиле во Македонија

Разговараше: Ирена МУЛАЧКА Пет смртни случаи и вкупно 43 потврдени од западнонилска треска во Македонија. Тоа засега е црниот исход од епидемијата, која веќе одреден период тресе неколку скопски општини, Кисела Вода,

Млеко со афлатоксин од Косово за малку ќе стигнеше до македонските маркети: запрени 27,5 тони

Повеќе од 27,5 тони УХТ млеко од Косово, наменети за продажба во македонски маркет, биле запрени на граничниот премин „Блаце“, откако лабораториските анализи покажале присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации. Станува

Цело раководство на Партизан си даде оставка, си оди и тренерот Илиќ

Раководството на белградски Партизан и главниот тренер Саша Илиќ ќе поднесат оставка по реваншот против Хетафе, без оглед на резултатот од натпреварот, соопшти клубот од Хумска. Новото раководство ќе го одлучи Собранието
Go toTop