Мицкоски патува во Белград, учеството во „Отворен Балкан“ продолжува

November 19, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски викендов заминува во Белград. Засега нема најавена средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. Причина за патувањето е Саем на вино во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, за која постоеја дилеми дали во неа воопшто да се учествува. Мицкоски вели дека во Србија е поканет од страна на винариите.

„Ќе се претстават десетици македонски производители, бидејќи го прават, според мене, најубавото вино на светот таму, на којшто сум јас поканет од страна на македонските винарии и да, ќе присуствувам, ќе бидам покровител на македонската вечер, но нема најавено средба со претседателот Александар Вучиќ“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски претходно за „Отворен Балкан“ кажа дека е некомплетна иницијатива, има многу недостатоци и за нашето учество во неа треба да се разговара со стратешките партнери. Сепак, власта продолжува да ги поддржува проектите од „Отворен Балкан“. На веб-страницата на организаторот се наведува дека Саемот ќе се организира под покровителство на владите на трите земји-учеснички, Македонија, Албанија и Србија. Од друга страна, претставниците во власта од коалицијата „Вреди“ претходно како опозиција повикуваа да се напушти иницијативата поради српско влијание.

„Откако започнавме со владеењето немало ниту еден настан поврзан со „Отворен Балкан“. Ние остануваме на нашиот политички став дека „Отворен Балкан“ е проект што му припаѓа на минатото и сите наши енергии треба да ги фокусираме на регионалната соработка во рамки на Берлинскиот процес“, изјави Арбен Фетаи од коалицијата ВРЕДИ.

Претходно, албанскиот премиер Еди Рама истакна дека иницијативата може да згасне, но се дообјасни дека тоа не може да се случи еднострано.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Одбележан денот на ослободување на Тетово

Следно

Потпишано Партнерство за безбедност и одбрана со Европската унија

Latest from Blog

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцидот во Газа

Турското судство денес издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку израелски функционери, наводно за злосторства против човештвото и геноцид. Според Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, налозите за

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца
Go toTop