Сосема очигледно е дека сертификатот на Христовски не е реален, вели Спасовски

November 14, 2024
1 min read

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека сосема очигледно е дека сертификатот за англиски јазик на новиот директор на АНБ, Бојан Христовски не е реален.

„Очигледно е дека тој сертификат не е реален, тие сертификати траат односно имаат важност од две години и не е издаден од институција која што може да даде таков сертификат. Двојни аршини не смее да има“, вели Спасовски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Следно

Убиени се 31 лице во израелските напади на истокот и југот на Либан

Latest from Blog

Најмалку 30 загинати во пожар во близина на Каиро, експлодирале плински боци во камион

Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 15 се повредени во пожар што избувна по експлозија на плински боци во камион во гувернеријата Гиза, во близина на египетската престолнина Каиро – соопшти
Go toTop