Минчев учествуваше на министерски панел во рамките на регионалниот состанок посветен на Партнерство за отворена власт

November 14, 2024
1 min read

Министерот за јавна администрација Горан Минчев, учествуваше на министерски панел во рамките на регионалниот состанок посветен на Партнерството за отворена власт (ПОВ), кој се одржува во Тирана, Албанија.

Настанот е организиран од Партнерството за отворена власт и Владата на Република Албанија, во соработка со Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА).

Во своето излагање, министерот Минчев ги истакна придобивките на Република Македонија која како членка на иницијативата за Партнерството за отворена власт од 2011 година, значително придонесе за промовирање на транспарентноста, отчетноста и граѓанското учество во јавните политики. „Задоволство е да се биде дел од овој Регионален состанок посветен на Партнерството за отворена власт, иницијатива која направи видливи разлики во нашите општества и претставува инспирација за изнаоѓање на иновативни решенија за новите предизвици пред кои сме исправени,“ – истакна министерот Минчев.

Во однос со напорите на Република Македонија во областа на антикорупциските политики и градењето на доверба во институциите, министерот потенцираше дека реформата на јавната администрација е основа за ефикасно и одговорно владеење.

„Нашата заложба е насочена кон создавање модерна, професионална и транспарентна администрација, каде што административните службеници работат одговорно и се посветени на обезбедување квалитетни услуги за граѓаните,“ нагласи министерот Минчев, додавајќи дека донесувањето на новите законски решенија се одвива преку инклузивен процес во соработка со граѓанското општество и експертската заедница, што придонесува за намалување на корупцијата и зголемување на отчетноста.

Како посебен успех, министерот Минчев ја издвои подготовката на шестиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт за периодот 2024-2026 година.

„Оваа година, во процесот на креирање на Националниот акциски план активно учествуваа претставници од граѓанскиот и јавниот сектор. Планот е насочен кон транспарентност, отчетност и содржи
посебни заложби за отворена влада, отворен парламент и отворено судство“ – посочи министерот Минчев.

Министерот Минчев ја истакна и важноста на постојаната соработка со граѓанските организации и граѓаните во справувањето со актуелните предизвици и унапредувањето на доброто управување. Тој нагласи дека Владата на Република Македонија организира редовни јавни консултации и дебати, преку кои се создаваат можности за граѓаните да дадат свој придонес во процесите на креирање јавни политики.
„Владата работи на одржување на транспарентен и инклузивен дијалог со сите засегнати страни, што овозможува поголема отчетност и креативност во решавањето на сложените предизвици,“ – изјави министерот.

Ова учество на министерот Минчев во регионалниот состанок на ПОВ дополнително го потврди ангажманот на Република Македонија за развој на инклузивно и отчетно општество, преку продлабочена соработка со граѓанското општество и активно вклучување на граѓаните во јавните политики.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Барањата на турските бизнисмени се логични и очекувани и како Влада вложуваме максимални напори тоа да биде реализирано

Следно

„Рак“ на белите дробови на Македонија: Доминираат загубените шумски површини во споредба со новите

Latest from Blog

Фулам победнички кај Барнли

ФОТО:Fulham FC Official/FB Фулам вечерва победи на гости против Барнли со 3:2, во натпреварот од 16-тото коло од Премиер лигата. Лондонскиот тим поведе во деветтата минута преку Емил Смит-Роу, додека Лесли Угочукву

Шпанската полиција разби криминална група која шверцувала дрога со хеликоптери

Шпанската полиција во саботата соопшти дека разбила криминална група која користела хеликоптери за шверц на хашиш од Мароко. Хеликоптерите, кои можеле да носат помеѓу 500 и 900 килограми дрога, прелетале преку Медитеранот

Ролат со кокос, едноставен и совршено вкусен

Во време кога брзите и едноставни десерти се бараат сè повеќе, ролатчето со кокос без печење повторно ги освојува домашните кујни. Благодарение на едноставните состојки, овој ролат го наоѓа својот пат и

Прес-конференцијата на СДСМ е одраз на нивното мрачно минато, реагира Онлајн медиа

Онлајн медиа ја осудува прес-конференцијата на СДСМ на која партискиот портпарол јавно дискредитираше медиуми, кои се членови на здружението на електронските медиуми. „Потегот на СДСМ е само одраз на едно мрачно минато
Go toTop