Потрага со дрон по исчезнатата Трајковска. Пронајдени нејзини предмети!

November 10, 2024
1 min read

Фото: Фејсбук

Пронајдени се предмети кои и припаѓаат на исчезнатата Лидија Трајковска која последен пат е видена на автобуската станица во Јурумлери, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека го утврдиле движењето на жената – таа од Јурумлери се упатила по патот што води кон Драчево. На тој пат, во близина на мостот на реката Вардар, при пребарување на теренот вчера биле најдени кутија од цигари, запалка и џемпер.

 

„Од страна на нејзиниот сопруг препознаени се кутијата од цигари и запалката, односно од негова страна е потврдено дека се нејзини, додека за џемперот се изјаснил дека не е нејзин. Исто така, од страна на полициски службеници од СВР Скопје извршени се обиколки по течението на реката Вардар, заедно со граѓани и роднини на исчезнатата“,велат од МВР.

Како што претходно објави нејзиниото семејство, таа носела зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми.

„Исчезната е мајата мајка последен пат видена на автобуска на Јурумлери носи зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми доколку некој ја види ве молам јавете се 071345208, напиша на Фејбук ќерката на Трајковска

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Куба

Следно

Двајцата избегани од затворот во Куманово не стигнале далеку, пронајдени се во Радовиш

Latest from Blog

ХАОС ВО ИТАЛИЈА – Градовите „паѓаат“ еден по друг, властите алармираат: ЗА ДВА ДЕНА ПОЧНУВА ПЕКОЛОТ

Министерството за здравство на Италија денеска соопшти дека 17 од 27-те најголеми италијански градови за два дена ќе бидат во црвена фаза на аларм поради горештините, како и дека топлотниот бран што

Божиновска: Енергетската стабилност е клучна за економски развој

„Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како

Берзански ден во црвено: МБИ10 се намали за 0,53%, Блок-трансакција од речиси 5 милиони денари ја одбележа денешната трговија на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 23.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.651,64 поени. Во однос на претходниот
Go toTop