Иран како неосновани ги отфрли наводите за заговор за атентат на Трамп и други американски претставници

November 9, 2024
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Иран категорично ги отфрли наводите за вмешаност во заговор за атентат на поранешни и сегашни американски официјални претставници, меѓу кои и новоизбраниот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи ги тврдењата „целосно неосновани“, јавува Анадолу.

Денес, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, ги отфрли обвинувањата на американското Министерство за правда по апсењето на еден осомничен.

Багаи се повика на претходните „слични обвинувања“ кои Иран ги негираше, нарекувајќи ги „одвратен заговор“ организиран од Израел и антииранските фракции „за дополнително да ги искомплицираат работите меѓу САД и Иран“.

Американското Министерство за правда поднесе кривична пријава против едно лице, тврдејќи дека било задолжено од Иран да „врши надзор и да испланира атентат на поранешни и сегашни функционери на американската влада, вклучително и на Трамп“.

Според обвинението, човекот, 51-годишен авганистански државјанин по име Фархад Шакер, наводно се обидел да го убие Трамп пред претседателските избори во САД по наредба на иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Багаи ги негираше обвинувањата, потврдувајќи дека Иран ќе ги искористи „сите легитимни, законски средства, и на домашен и на меѓународен план, за да ги одбрани правата на иранската нација“.

Изјавата доаѓа по неодамнешниот избор на Трамп за американски претседател, што предизвика загриженост дека неговите блиски врски со Израел може дополнително да ги заострат односите меѓу Техеран и Вашингтон.

Трамп, кој ја извршуваше функцијата претседател од 2017 до 2021 година, беше познат по конфронтацискиот став кон Иран, особено откако неговата администрација еднострано се повлече од иранскиот нуклеарен договор во 2018 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес во близина на Ресен – 2,9 степени

Следно

Дербито во Струга, Седлоски на клупата на Вардар против Шкупи

Latest from Blog

Николоски: Македонија и Турција ја зацврстуваат економската соработка

Александар Николоски истакна дека Македонија и Турција продолжуваат да градат силно партнерство засновано на заедничка визија за економски развој и продлабочена регионална соработка. Во Истанбул, во рамки на македонско-турскиот бизнис форум, Николоски

ФИФА има сериозен проблем? Илјадници празни седишта веќе на вториот натпревар од Светското првенство

Фото: FIFA X Светското првенство штотуку започна, а ФИФА веќе се соочува со проблем што сакаше да го избегне по секоја цена. По церемонијата на отворање и првиот натпревар од турнирот, вниманието

Благоданица за Никола Ѓурѓај од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија за неговата ангажираност

Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија, на престедателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, му додели признание за придонес во Националниот совет за граѓанско општество. Би сакал да изразам благодарност

Американски авиони веднаш полетаа кон Европа; Доаѓа ли крајот на војната САД-Иран?

Извори на овој медиум запознаени со подготовките наведуваат дека авионите одат во швајцарскиот град Женева, каде што се очекува американскиот потпретседател Џ.Д. Венс да го потпише договорот во име на Вашингтон. „Аксиос“
Go toTop