Мисајловски најави помош за бранителите – „Средства ќе се најдат преку ставки од буџетот на министерството“

November 8, 2024
1 min read

Без разлика дали ќе помине или не предлог Законот за бранителите, министерот за одбрана Владо Мисајловски најави дека ќе ги помага припадниците на Армијата кои учествуваа во конфликтот. Во „Клик плус“ на ТВ21, Мисајловски откри дека тоа ќе се случи преку ставки од буџетот на Министерството за одбрана. На прашањето, дали е согласен со закон да се унапреди и положбата на припадниците на ОНА, министерот одговори:

„Не би ги ставил бранителите… сепак бранителите што учествувале во конфликтите е посебен закон овој, но она што јас како министер можам да ви го кажам е дека она што ние го имаме како алатки, како можност за ставки во Министерството, ние ќе ги посветиме сите средства на овие бранители што учествувале во сите конфликти.“, вели Владо Мисајловски.

И покрај тоа што од владиниот партнер ВРЕДИ категорично истакнаа дека предлог законот за бранители на опозициската пратеничка Славјанка Петровска нема да се изгласа, Мисајловски ги остави сите опции отворени.

„Дали овој закон ќе продолжи да се расправа во Собранието, навистина не знам, ќе одлучат пратениците.“, вели Владо Мисајловски.

Европскиот фронт и коалицијата Вреди се согласни дека ќе го блокираат законското решение, особено ако во него не се вклучат и припадниците на ОНА. Блокада повторно имаше на седница на Комисијата за социјална политика, каде предлогот не беше поставен на дневен ред.

„Ваков закон може да се донесе само кога е предвиден и вклучен во законот истиот статус на ветераните на ОНА како што е предвидено за одбранбените сили на земјата“, вели Имерлије Салиу.

„Северна Македонија, неколкупати реков, има само еден буџет, почитувани колеги. Зашто морам да ви кажам, ова треба сите да го знаеме и во ниту еден момент да не се чувствувате загрозени, затоа што не барам да ги платат македонските граѓани, на пример војниците на ОНА, туку нив ќе ги платат граѓаните Албанци.“, вели Илире Даути.

Од СДСМ, чија пратеничка го поднесе законот, претходно истакнаа дека за нив идејата на ВРЕДИ и ДУИ е прифатлива.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Владина финансиска инекција од 50 милиони евра за општините

Следно

Професорката Проева ќе биде погребана в недела, на гробиштата Бутел

Latest from Blog

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки

Прекината истрагата против Додик, Стевандиќ и Вишковиќ за напад врз уставниот поредок на БИХ

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) ја прекина истрагата за напад врз уставниот поредок против поранешниот претседател на Република Српска  Милорад Додик, претседателот на Народното собрание, Ненад Стевандиќ, и поранешниот премиер, Радован
Go toTop