Меџити се приклучи на крводарителската акција организирана од Амбасадата на САД

November 7, 2024
1 min read

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска учествуваше и даруваше крв во крводарителската акција „Food and Blood Drive“ во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.

По дарувањето крв, првиот вицепремиер Меџити високо ја оцени соработката и континуираната помош што САД и ја даваат на нашата земја од прогласувањето на независноста.

-Станува збор за традиционална акција за дарување крв, на која често сме се одзвале. Овој пат акцијата се одвива во чест на Денот на ветераните на Соединетите Американски Држави, и кои за нас стратешки партнери и со задоволство учествував во оваа акција на дарување крв, рече Меџити пред медиумите.

Крводарителската акција, која веќе 22 години ја организира Амбасадата на Соединетите Американски Држави во соработка со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина, годинава беше посветена на американските ветерани, преку кои беше почестена нивната служба во воспоставувањето мир во светот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повредените во несреќата во Нови Сад се уште во критична состојба

Следно

Сиљановска Давкова – Прескер: Македонските евроинтеграции да се базираат на критериумите кои важат за другите кандидати

Latest from Blog

Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал

Микел Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал. Договорот на 44-годишниот Шпанец е со важност до 2030 година, а според новиот договор, тој ќе заработува приближно 20

7,89 милиони денари промет на Македонската берза: МБИ10 порасна за 0,58 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.048,96 поени. Во однос

Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности

Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности Во светот повторно расте интересот за рударството. САД проценуваат дека во следната деценија
Go toTop