Пропадна и вториот обид за формирање влада на Бугарија: Денков од Продолжуваме со промените му го врати мандатот на Радев

January 9, 2023
2 mins read

Ја враќам папката со неисполнетиот мандат. За жал, оваа листа на национални цели со приоритети и задачи за нивно остварување не доби доволна политичка поддршка. Но, сигурен сум дека вредеше трудот. Допрва доаѓа дискусијата, дискусијата во рамките на која треба да се развива Бугарија во наредните месеци, посочи Денков

Разговаравме и за приоритетите и целите на вашата декларација, што не се случи во бугарскиот парламент. Вчера вашите коалициски партнери и истомисленици од  „Демократска Бугарија“ изјавија дека единствен начин да се формира влада со третиот мандат е ако се постигне договор меѓу ГЕРБ и вас (Продолжуваме со промените н.з.), рече бугарскиот претседател

Академик Николај Денков, кандидат за премиер на Бугарија предложен од Продолжуваме со промените ја врати папката со неисполнетиот мандат на претседателот Румен Радев, јави бугарската новинска агенција БГНЕС.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев (десно) и мандатарот за состав на влада, академик Николај Денков (лево). Момент од примопредавањето на мандатот за состав на влада на Бугарија на 3 јануари 2023/ Фото: БГНЕС

„Ја враќам папката со неисполнетиот мандат. За жал, оваа листа на национални цели со приоритети и задачи за нивно остварување не доби доволна политичка поддршка. Но, сигурен сум дека вредеше трудот. Допрва доаѓа дискусијата, дискусијата во рамките на која треба да се развива Бугарија во наредните месеци“,

посочи Денков.

Претседателот Румен Радев рече дека при врачувањето на мандатот детално разговарале за пристапот и шансите за формирање влада.

„Разговаравме и за приоритетите и целите на вашата декларација, што не се случи во бугарскиот парламент. Вчера вашите коалициски партнери и истомисленици од  „Демократска Бугарија“ изјавија дека единствен начин да се формира влада со третиот мандат е ако се постигне договор меѓу ГЕРБ и вас (Продолжуваме со промените н.з.)“,

рече бугарскиот претседател.

„Ќе ве замолам да разговарате за ова исклучително важно прашање“,

додаде шефот на државата.

На разговор со шефот на државата останаа академик Николај Денков, копретседателот на „Продолжуваме со промените, Асен Василев и претседателот на пратеничката група на партијата, Андреј Ѓуров.

Бугарскиот претседател Румен Радев на 3 јануари го врачи вториот мандат за состав на влада на академик Николај Денков, кој беше кандидат за функцијата на втората по големина пратеничка група во 48. Народно собрание на Бугарија – Продолжуваме со промените.

И по четири месеци од парламентарните избори во Бугарија одржани на 2 октомври 2022 година, земјата сè уште не може да избере влада, откако народните избраници на 14 декември не ја одобрија кандидатурата за премиер на Николај Габровски од ГЕРБ-СДС, кој го доби првиот мандат за формирање влада.

По неуспехот на ГЕРБ-СДС да формира влада, пратеничката група на Продолжуваме со промените ги повика сите партии на разговори за формирање влада. На првиот состанок одговорија сите партии што имаат своите претставници во 48. Народно собрание, со исклучок на Преродба. ГЕРБ и ДПС, сепак, ја напуштија средбата со Продолжуваме со промените, а БСП, Демократска Бугарија и Бугарски подем останаа на разговорите за формирање влада.

Но, по еднонеделните разговори и вториот обид за фомирање владин кабинет заврши без успех.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Лула ги посети демолираните институции во Бразилија и повика да се казнат „неофашистите“ што упаднаа во Конгресот

Следно

Околу 40 отсто од компаните во Германија очекуваат пад на деловната активност оваа година

Latest from Blog

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и

Пикфорд уште долго ќе биде дел од Евертон

Иако неговиот актуелен договор со Евертон е до 2027 година, сепак, Џордан Пикфорд искусниот голман уште долго време ќе биде дел од овој клуб. Евертон планира да му понуди нов договор, што

Путин: Не гледам поента во средба со Зеленски, со Украина е тешко да се постигне договор

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека не гледа многу смисла во средбата со неговиот украински колега Володимир Зеленски, каде што би се разговарало за крајот на војната во Украина, објави „Киев

Салата со бело сирење и лаванда: Невообичаена комбинација од мирис и вкус

Парче бело сирење носи совршена рамнотежа помеѓу блага соленост и кремаста текстура, што ја прави оваа салата особено вкусна. Нејзината хранлива вредност и богатството со протеини се идеални за лесни, но заситувачки

Меџити: На 19 октомври победува иднината на Чаир

Скопје – Првиот вицепремиер и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, вечерва оддржа собир во населбата Серава, кој прерасна во „трибина со ентузијазам, енергија и верба во победата“. „На 19
Go toTop