АП: Доналд Трамп избран за 47. претседател на САД

November 6, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Агенцијата Асошиетед прес јави дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп освоил над 270 гласа на Електорскиот колеџ потребни за победа на претседателските избори 2024 година во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.

Трамп ја победи својата ривалка Камала Харис, кандидатката на Демократската партија.

„Освои 277 гласа на Електорскиот колеџ и го обезбеди своето место како 47. претседател на земјата“, наведува АП.

Трамп победи во клучните „свинг“ држави, како Северна Каролина, Џорџија, Пенсилванија и Висконсин, а победа му донесоа и државите Индијана, Кентаки, Западна Вирџинија, Флорида, Тенеси, Јужна Каролина, Оклахома, Мисисипи, Алабама, Арканзас, Северна Дакота, Јужна Дакота, Вајоминг, Небраска, Луизијана, Охајо, Тексас, Мисури, Јута, Монтана, Канзас, Ајова и Ајдахо.

АП објави дека Трамп освоил близу 71 милион гласови во 45 од 50 американски сојузни држави, додека Харис добила 66,1 милиони гласови. Трамп и процентуално освои 51 отсто од гласовите на федерално ниво.

Трамп им се заблагодари на Американците за извонредната чест да биде избран за нивен 47. претседател на САД.

Трамп победи во 27 сојузни држави, а Харис победи во 18 држави и во Вашингтон.

„Ова е величествена победа за американскиот народ што ќе ни овозможи повторно да ја направиме Америка голема“, рече Трамп.

Со победата Трамп ќе биде втор претседател на САД што служел без последователни мандати во Белата куќа, по Гровер Кливленд, кој беше на функцијата два одделни мандата во доцните 1800-ти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајков: Фокусирани сме на добрососедска политика

Следно

Турскиот ретседател Ердоган во Бишкек се сретна со азербејџанскиот претседател Алиев

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум
Go toTop