Митева: Политичката гимнастика е најлесно за Ковачевски кога само тоа му останува, ќе доживее пораз на следните избори

February 15, 2023
1 min read

Повикот од страна на претседателот Мицкоски е повик пред се кој што има за цел обединување и функционалност на Македонија, цел која што не е краткорочна, туку долгорочна, повик кој што значи иднина и континуитет и време во Македонија да се случат навистина промени, вели Марија Митева портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во денешното интервју во емисијата 10 минути на ТВ 21.

Во однос на уставните измени, Митева рече дека никој од пратениците немаат мандат за да одлучуваат за уставните измени, а ниту пак Ковачевски добил мандат од страна на граѓаните да одлучува за вакви сериозни прашања.

-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на отворање на Уставот е многу пати повторен и јасен. Во собранието имаме пратеничка група која што е навистина хомогена која што функционира беспрекорно и која што има една јасна цел, а тоа е дека овој пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ вклучително и на останатите пратеници од власта немаат мандат за решавање на вакви прашања, односно отворање на Уставот, изјави таа.

-Една од причините поради која се залагаме за предвремени избори е граѓаните да одлучат во каков правец сакаат Македонија да се движи. Целта на една политичката партија е пред своите граѓани да ја претстави програмата и начинот на тоа како ќе делува во следните 4 години. Јас само ќе потсетам дека Ковачевски нема воопшто добиено мандат од страна на граѓаните да ја води државата, ниту пак да одлучува за вакви сериозни прашања, истакна Митева.

Митева нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за одржување на брзи парламентарни избори со програма и предлог на карти кои ќе донесат иднина за Македонија и граѓаните.

-Ако ме прашувате дали сме подготвени за брзи избори што би значело утре распуштање на Собранието и закажување на датум за предвремени парламентарни избори, одговорно тврдам да подготвени сме со програма, со предлог на кадри и со иднина каква што сакаме да ја видиме Македонија. Дали ќе донесеме шах мат во тоа сум сигурна, заклучи Митева.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

НИТУ ЕДНА НЕГОВА ЗГРАДА НЕ Е СРУШЕНА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ – овој инвеститор откри во што била тајната додека градел, бил казнуван стотици пати!

Следно

ПОЧИНА АКТЕРКАТА И СЕКС СИМБОЛ РАКЕЛ ВЕЛЧ

Latest from Blog

Додов: На 40 хонорарци од ФИТР им е раскинат договорот – не доаѓале на работа или доаѓале во 12 а си оделе во 14 часот!

Директорот Никола Додов изјави дека на 40 хонорарци од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) им бил раскинат договорот поради неисполнување на работните обврски. Според него, тие не доаѓале на работа

Аљбуљена Хаџиу повторно не доби доволно гласови за претседателка на косовското Собрание

Кандидатката на Движењето Самоопределување Аљбуљена Хаџиу, и по третпат не успеа да обезбеди доволно гласови за функцијата претседател на Собранието на Косово. На денешното гласање, 57 пратеници гласаа „за“, 46 „против“, а

Исени во 24 анализа: Треба да и се даде шанса на новата влада за да се покаже во борбата со криминалот и корупцијата

Политикологот Џенур Исени во 24 анализа рече дека треба да и се даде шанса на новата влада за да се покаже во борбата со криминалот и корупцијата. Според него, премиерот Мицкоски има

Флик во Барселона до 2027

Според пишувањата на локалните медиуми, германскиот тренер Ханси Флик ќе го продолжи договорот со шпанскиот фудбалски гигант Барселона на уште една година. Како што денеска објави шпанскиот весник Марка, се очекува поранешниот
Go toTop