Трпеноски: Надлежните во Обвинителство итно да постапуваат по сомнежите за криминали во и од ФИТР

November 3, 2024
1 min read

Обвинителството веднаш да се фати за работа, да ги разгледа пријавите и сите сомнежи за сторениот криминал во Фондот за иновации и технолошки развој. Сите кои се вмешани во овој скандал треба да сносат одговорност и така да се потврди заложбата за борба против корупцијата. Експертите очекуваат од надлежните органи да се занимаваат со случајот во кој се оштетил буџетот за проекти кои воопшто не се иновација.

Фирми блиски до поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети земале пари за „измислување топла вода“. Преку фантомски проекти злоупотребиле 3,2 милиони евра.

Горан Трпеноски од поранешниот состав на Антикорупциска, за Алфа ТВ вели дека Комисијата има поднесено неколку иницијативи за утврдување одговорност.

-ДКСК има поднесено неколку предмети до Обвинителство и до Влада, за одговорност и треба Обв да ги разгледа сериозно нашите пријави. Има сомнежи за сериозен криминал. Има предмети, од авион дека не треба да добијат пари од ФИТР. Мора Обв да го расчисти целиот случај. Не само тоа, ДКСК има повеќе кривични иницијативи, за повеќе функционери. Иако, кратко време се на власт оваа гарнитура, но има доволно материјал, да постапуваат, вели Горан Трпеноски од поранешниот состав на ДКСК.

Откако новото раководство на Фондот обвини дека 60 компании од градежништовото, информатиката, дигитализацијата како и уште 50 приватни здравствени установи го оштетиле буџетот преку проекти без да исполнат критериуми и незаконски си носеле правилници, се очекува МВР, Обвинителството и финансиската полиција да ја добијат целата документација.

Претходната комисија, единствено од сите институции беше пофалена во Извештајот на ЕК. Ми се допаѓа како мирно новата власт го практкува владеењето на правото. Мислам дека тоа е за поздрав, треба да продолжат со ова темпо и чекор, да му дадат време на Обвинителството, да постапат по сите пријави. И не само по пријавите од ДКСК, имаше пријави и од други институции. Обвинителството е на потег, треба да докажат дека се независни. Според сите извештаи, рак рана е правосудството. Сега е време да покажат, дека не се продолжена рака на политиката, додава Трпеноски.

Дел од фирмите кои злоупотребувале пари се поврзани со поранешниот премиер Зоран Заев. Се работи за комплании кои немале спроведено проектни активности, а немале ниту поднесено завршна сметка во Централен регистар. И иновативниот ум – внукот на Али Ахмети преку негови фирми си добил државни пари. Преку едната фирма префрлал и пари во Косово, а другата затајувала извештаи и воопшто немала проекти. Некоректно трошење средства, неподнесување извештаи, неисполнување на обврските, несоодветно менаџирање – ова се причините поради кои ќе се ревидира начинот на работа и на други фирми, чии предмети се во фаза на извршување.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Се работи на утврдување кривична одговорност за несреќата во Нови Сад- политичка одговорност мора да има

Следно

ВИДЕО Вака се дивее низ скопските улици, каде е полицијата?

Latest from Blog

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the

Чартерот за дома откажан, Уругвај си замина од Мундијалот со комерцијални летови

Репрезентацијата на Уругвај шокирачки е елиминирана уште во групната фаза од Мундијалот. Јавноста во оваа земја не може да поверува што се случи, затоа што Уругвај беше рангиран како еден од скриените

Истрага на WSJ: Иран направи голема штета на клучната поморска база на САД (ВИДЕО)

Овој развој доаѓа откако иранските ракетни и беспилотни летала предизвикаа многу поголема штета отколку што јавно призна Пентагон. Истрагата, заснована на сателитски снимки, видеа на социјалните медиуми и официјални документи на Министерството
Go toTop