Јаневска за РСЕ: Образованието заслужува единица, нерегуларности на универзитетите во Тетово, Струга, Охрид…

November 3, 2024
1 min read

На Тетовскиот универзитет утврден е нелегален избор на двајца наставници, нерегуларности има и на „Апостол Павле“ и во Струга, открива министерката за образование, Весна Јаневска во интервју за РСЕ. Образованието заслужува оценка единица, вели Јаневска и најавува нови наставни методи.

Поминаа повеќе од сто дена од вашиот мандат, ако треба да дадете генерална оценка за состојбата што ја затекнавте во образованието од 1 до 5, која оценка би ја дале?

Повеќе пати сум кажала дека состојбата беше навистина многу лоша и единица би било соодветна оценка, ако треба да се оценува. Затекнавме огромни, огромни долгови кои сè уште ги исплаќаме и сè уште не можеме да се справиме со тоа, иако поминаа, речиси четири месеци. Но, покрај тоа, затекнавме состојби нерешени и напластувани со години. Немање на учебници, неподготвеност за 1 септември, неисплатени стипендии, значи комплетно запоставен студентски стандард, комплетно запоставен ученички стандард, започнати проекти и застанати во одреден подолг период без причина, неисплатени награди, неисплатени обврски кон истражувачите кои објавувале во списанија со импакт-фактор…

Ги споменавте учебниците како еден од проблемите што ги затекнавте. Деновиве го објавивте новиот закон за учебници на ЕНЕР. Досега кај нас секој септември беше вест дали има учебници или нема. Дали новиот закон конечно ќе ги реши проблемите? Знаеме дека имаше проблеми со неодобрување на учебниците, преносот на авторски права итн.

Од информациите кои ги добив во моментот кога новата власт настапи со сопственото владеење, да, имате информации и вие дека имало сериозни проблеми, а тоа е немање автори, немање на рецензенти, неквалитетни книги, неодобрени книги или одобрени од Бирото за развој на образованието, неодобрени од рецензенти и обратни ситуации. Како и да е, што и да било, учебници немаше. Со новиот закон се обидуваме да го подобриме процесот за никогаш повеќе да не дојдеме до ситуација на 1 септември да немаме учебници. Покрај овој закон, ние носиме и други пет закони кои треба да се носат отприлика во исто време и јас искрено се надевам дека со новиот закон ќе постигнеме и подобар квалитет на учебници, но и навремено снабдување со учебници.

Линк до оригиналниот текст (ВИДЕО)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија

Следно

Сакале да влезат на забава во скопски клуб, ги претепало обезбедувањето

Latest from Blog

Барса го освои трофејот “Хоан Гампер“, Родри претставен на “Камп Ноу“, а еве зошто Кансело се налути!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ И тоа како вечерва беше интересно на “Камп Ноу“. Имаше од се по нешто. Имено Барселона го освои трофејот “Хоан Гампе“, во меч кој се игра по традиција пред стартот на

СиЕнЕн: АКО КРАЈ НА ВОЈНАТА СО ИРАН Е ВРАЌАЊЕ НА ПРЕТХОДНАТА СОСТОЈБА – ЗОШТО Е ВОДЕНА?

Еден од најголемите проблеми на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во излегувањето од војната со Иран се претходните, досегашни списоци на апсолутистички цели што ги поставиле Трамп и неговиот тим за

Вода имаме, канализација не за сите, 72,6 отсто од отпадните води непречистени

Македонија има висок процент домаќинства приклучени на јавен водовод, но кога водата ќе помине низ домовите, сликата станува многу понеповолна. Само 75,5 отсто од становите се поврзани со јавна канализација, 13 отсто

Проданоски: Сите расположливи сили се мобилизирани за пожарот во Мариово

Сите расположливи сили и ресурси се ставени во функција на ставање под контрола на пожарот во Мариово, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Како што посочува Проданоски, на терен повторно се

Астон Вила се пофали со Руџери и Сузуки

Екипата на Астон Вила пред самиот старт на сезоната, објави дека се засилува со две нови имиња. Тоа се Матео Руџери и Зајон Сузуки. Италијанецот доаѓа од Атлетико Мадрид, за 25 милиони
Go toTop