Израелските напади оштетија и уништија речиси четвртина од зградите во јужен Либан

November 1, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Речиси една четвртина од зградите во јужен Либан се оштетени или уништени поради интензивираните израелски напади, се вели во статијата на „Вашингтон Пост“ врз основа на сателитски податоци, пренесува Анадолу.

Во анализата на весникот, направена во соработка со Градскиот универзитет на Њујорк и Државниот универзитет на Орегон, се користени сателитски снимки од Сентинел-1 и верифицирани видеа од социјалните мрежи.

Анализата открива опсежна деструкција на домови и инфраструктурата во тековните воздушни напади и интензивираните копнени напади.

Анализата покажа дека речиси 25 отсто од објектите во 25 општини во близина на границата со Израел претрпеле оштетувања, со контролирано уривање уништени се најмалку девет верски објекти.

Во пограничните села Ајта аш-Шаб и Кфар Кила, речиси половина од сите објекти се сериозно оштетени, а најмалку 5.868 се погодени во израелските напади.

Иако Израел продолжи со нападите врз Либан кои започнаа во октомври минатата година, 80 отсто од штетата е направена откако Израел ја започна својата копнена офанзива минатиот месец.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Со Предлог-буџетот за 2025 година капиталните расходи се реални инвестиции, не трансфери

Следно

Турски хуманитарен брод со 1.000 тони хуманитарна помош пристигна во Бејрут

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop