Лед осветлување за заштеда на струја – швајцарската амбасада ги „спаси“ полошките општини

November 1, 2024
1 min read

Руралните општини во Полошкиот регион добија донација од швајцарската амбасада за поставување лед осветлување. Градоначалникот на Теарце вели дека со само 30% заменети светилки намалени се трошоците за 12%.

„Во нашата општина над 800 светилки се заменети во минатите пет месеци со лед светилки. Ова за нас е еден од предизвиците што ги имаме со јавното осветлување во општина Теарце“, вели Нухи Незири.

Општина Врапчиште е првата општина која ги замени сите светилки и до сега ги намали трошоците за 30% на сметката за јавно осветлување.

Од швајцарската амбасада велат дека општините кои ги исполниле условите имаат придобивки од овој проект а тие се општините Теарце, Јегуновце, Боговиње и Врапчиште.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во наредниве две недели во Скопје ќе бидат потврдени заклучоците за пругата кон Бугарија

Следно

Димитриеска-Кочоска: Со Предлог-буџетот за 2025 година капиталните расходи се реални инвестиции, не трансфери

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop