Градежна инспекторка уапсена поради примање поткуп

November 1, 2024
1 min read

СВР Куманово во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при МВР денеска (01.11.2024) во 13.30 часот постапи по наредба од ОЈО Куманово за расчистување на кривично дело „примање поткуп“ од член 357, при што во Куманово е лишена од слобода Л.Т., овластен градежен инспектор при општина Куманово, која била затекната како прима поткуп од 4.000 евра.

Имено, на 25.09.2024 граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т. при општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1500 евра, за да на 31.10.2024 ја покачи сумата за поткуп на 4000 евра. По добиената пријава, известено е ОЈО Куманово и преземени се соодветни мерки. На оштетениот му се дадени технички обработени пари кои тој денеска во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т.. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОКП при МВР и ОЕК при СВР Куманово.

По целосно документирање на случајот, Л.Т. ќе биде изведена пред надлежен јавен обвинител при ОЈО Куманово.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чупеска: Мицкоски наместо да одговори на пратеничките прашања како премиер, се однесуваше како обвинител

Следно

Уапсена градежна инспекторка- барала поткуп

Latest from Blog

Иран му порача на Трамп: Нема да влезете триумфално во Пекинг

 „Господине Трамп, немојте ни да помислите дека со искористување на моменталното затишје во Иран, ќе можете триумфално да влезете во Пекинг“, изјави Али Акбар Велајати, цитиран од полуофицијалната новинска агенција Тасним во

Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во
Go toTop