Анкета: Конечно, Македонија се движи во позитивна насока, огромна разлика со почетокот на мај 2024-та

November 1, 2024
1 min read

По подолго време, Македонија се движи во позитивна насока, вели најновата анкета на ИПИС. Според неа најголемиот дел од граѓаните или 25 насто мислат дека се движи во позитивна насока, 24,9% во делумно позитивна, во донекаде негативна 12,5%, а во негативна 24,3%.

Последните години немало анкета со повисока позитивна оценка наспрема негативната. Последните одеа и до  над 70% негативна оценка на граѓаните за насоката во која се движи државата, сето тоа под „водство“ на владите на Ковачевски и Заев.

Анкетата на ИРИ од 14 мај 2024 година покажа дека Македонците и Босанците се најнезадоволни од состојбата во своите земји. Над 70 отсто од испитаниците во двете земји во мај 2024-та рекле дека работите се движат во погрешна насока. Единствената друга земја што се движи во погрешна насока, според 52 отсто од испитаниците, е Албанија.

Ова е последната анкета на на Ипис, направена со телефонски и теренски дел  – едната во периодот од 9-ти  до 13 октомври на 1500, а теренската од 1-ви до 20 октомври на 1005 испитаници.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Се појави снимка од моментот на уривање на настрешницата во Нови Сад

Следно

Чупеска: Мицкоски наместо да одговори на пратеничките прашања како премиер, се однесуваше како обвинител

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop