Владата со пари од граѓаните ќе го плати администрирањето на унгарскиот кредит од 250 милиони евра

November 1, 2024
1 min read

Владата попуштила целосно во преговорите со деловните банки, кои ќе го администрираат кон бизнисот делот од унгарскиот кредит од 250 милиони евра, и целосно со буџетски средства ќе ги исплати нивните услуги.

Само под овој услов комерцијалните банки во државата прифатиле да ги одобруваат кредитите кон деловниот сектор по каматна стапка од 3,25 отсто, колку што е каматата за отплата на државата кон унгарскиот кредитор. Тоа практично значи дека ризикот што го преземаат деловните банки ќе биде „субвенциониран“ од страна на Владата.

-Разговорите со банките ги започнавме од месец август. Пред две недели го постигнавме договорот во насока на дефинирање на каматната стапка и нејзиното субвенционирање од страна на државата како што било во минатото. Од 2011 навака има многу кредитни линии кои се поминати преку Министерството за финансии, дадени на приватниот сектор. Субвенционирањето било направено од страна на државата. Ние пробавме да направиме обид да го поделиме со банките тој трошок. Тие сметаат дека го преземаат ризикот и тоа е така. И за сметка на тоа може да се појави некој ризичен кредит. Инсистираа каматата да ја покриеме комплетно ние и на крајот се согласивме, рече Димитриеска Кочоска, рече денеска министерката.

Министерката додаде дека нерешено прашање во преговорите со деловните банки кои ќе го администрираат унгарскиот кредит од 250 милиони евра е тоа што нивниот најголем рок на отплата е 10 години, додека владата бара тој да биде 15 години со три години грејс период.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со 26% доверба, СДСМ во друштво на ДУИ и ВЛЕН со 7%

Следно

Дурмиши: Есенската кошница ги даде посакуваните резултати

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop