Дарко Панчев: Мене ми должат, а ме обвинуваат ликови со докажани знаења од областа на криминалот

October 30, 2024
1 min read

Легендата на македонскиот фудбал, добитникот на престижниот трофеј „Златна копачка“, Дарко Панчев, во писмо до медиумите реагира на изјавите на извршниот директор на ФК Вардар Миленко Неделковски кој за ситуацијата во која се најде овој клуб, на дното на табелата и со континуираната криза, ги обвини поранешните функционери и фудбалери кон кои ФК Вардар должи милионски суми.

„По дваесет години откако организирано и злонамерно ме прикажуваат како Дарко, ваков, онаков, никаков, предавник, северџан, уништувач на Вардар, сега се осмелија, се дрзнаа пред „Комитите“ да ме прогласат за крадец, криминалец, апаш и преварант – да ме поистоветат со себе си. Замислете, мое кривично дело затоа што ТИЕ имаат долг кон мене од четири милиони денари!?“, пишува во писмото до медиумите Дарко Панчев.

Тој оценува дека во ек на најжестоките декларации дека конечно е дојдено времето за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, некакви мерит системи и така натаму, во Вардар се носат кадровски решенија кои се сосема котрадикторни на сите тие најави.

„За мене лично немаше логика. Освен можеби, што би било многу интелегентно, ликовите да се избрани заради нивната компетентост – широки, практични и докажани знаења од областа на криминалот“, вели Панчев.

Панчев во писмото повикува, „за да не го срамотиме името на нашиот ФК Вардар, кој толку многу сите го сакаме“, вели тој, ги повикувам институциите веднаш да влезат во клубот и да ги прочешлаат книгите“.

„Нема да биде едноставно, не е тајна дека дека има многу Вардари, бришења на Вардари. Многу и чести промени на раководства, Собранија и други такви мајстории. Верувам, сигурен сум дека во нив има и квалитетни луѓе, специјалисти на кои ако им се даде слобода и поддршка, својата работа ќе ја завршат како што треба. Нема да ги наведувам кои се тие надлежни институции. Претпоставувам дека ќе наидат на секаков вид, висок и низок организиран криминал“, пишува Дарко Панчев во своето писмо до медиумите.

Панчев вели дека во еден момент бил во дилема дали да поднесе тужба.

„Брзо ја отфрлив таа идеја. Не заради недоверба во судството, напротив се откажав од идејата затоа што ќе одев на нивниот терен. Тој простор, ходници, судници е нивниот мегдан, таму се вешти, маестрални се како јагулите во Дрим. Непобедливи. Таму би ме здробиле, би ме победиле со троцифрен резултат. Праксата во овие дваесет години го покажала и докажала тоа, затоа се определив за претходно посоченото решение“, посочува Панчев.

Тој препознава „пеколно опасни индиции дека на Вардар уште еднаш му се подготвува нешто гадно. Можеби конечниот удар или ѕвоното на последниот фајронт“.

„Зошто секогаш кога најавувале на големи ѕвона нови богати инвеститори, милионери, милијардери, спасители како тие самите, Вардар брзо пропаѓал и само го зголемувал својот долг на и онака блокираната сметка од пред дваесет и пет години“, истакнува во своето обраќање до спортската и целата друга јавност Дарко Панчев.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Камен темелник на нова детска градинка во Општина Ѓорче Петров

Следно

„Јон Вардар против галаксијата“ доаѓа во киносалите

Latest from Blog

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на

Кардиохирурзите Колев и Џелили на обука во Клиниката за кардиохирургија во Бордо

Кардиохирурзите при ЈЗУ Клиника за кардиохирургија, Скопје, Александар Колев и Кујтим Џелили престојуваат на Универзитетската болница за кардиохирургија во Бордо, Франција, каде учествуваат на работилница за запознавање и обука со некои од

Меџити: Чаир се чисти – секоја населба ќе добие подземни контејнери

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека општината започнала засилена акција за чистење на јавните површини, како и нов проект за поставување подземни контејнери во сите маала. „Чаир се чисти. Многу

ИМА ТРИ КУЌИ, А ЖИВЕЕ ПОД КИРИЈА И РАБОТИ ВО КАФИЧ: Од пеењето до кратко еспресо

По разводот од Ѓолет Ѓогани, пејачката Слаѓа Делибашиќ се посвети на приватниот бизнис, а во една од трите куќи што ги поседува, отворила градинка и се вселила кај станари. Имено, пејачката одлучила
Go toTop