Тошковски најави мерки за подобрување на безбедноста: Засилен видео-надзор и полициско присуство

October 12, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе се засили видео-надзорот и полициското присуство во училиштата. Оваа мерка доаѓа по инцидентот во кој двајца првооделенци од училиштето „Димитар поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров се обиделе да силуваат свој соученик. Тошковски истакна дека е потребно да се преземат чекори за заштита на учениците и зголемување на безбедноста во училиштата.

Тошковски вели зголемувањето на видео-надзорот и присуството на полициски службеници нема да ги реши ваквите девијантни појави, но ќе допринесе за зголемување на безбедноста на граѓаните.

„Многу ми е жал што е случен таков настан и што е споделен со јавноста, бидејќи станува збор за малолетници. Искрено целокупната јавност е згрозена од ваков тип на настани. Министерството за внатрешни работи во делот на негова надлежност ќе постапи во иднина во насока на она што сметаме дека треба да биде темел на идната работа на полицијата, а тоа максимално засилување на целокупниот видео-надзор и присуството на полициските службеници на терен. Но, тоа нема да ги реши овие девијантни појави и да ги искорени, но во секој случај ќе допринесе да ја зголеми безбедноста и да овозможи на граѓаните да се чувствуваат побезбедно. Овој тип на девијантни појави имало и ќе ги има, наша работа е да сториме сѐ што е во наша надлежност за да ги спречиме од аспект на преземање на конкретни дејствија“, рече Тошковски.

Според Кривичниот законик, додаде, малолетниците немаат кривично-правна одговорност, така што подетална надлежност за овој тип на предмети имаат други институции.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Немам информации за средба со Радев во Будимпешта, но подготвен сум да седнам и да разговарам

Следно

Мисајловски: Претходната Влада оставила пустош, ние ќе обезбедиме подобар развој и модернизација на АРМ

Latest from Blog

Кина вели дека договорот меѓу САД и Иран треба да заврши во ОН

Американските и другите меѓународни претставници изразија претпазлив оптимизам во последните денови за напредокот во разговорите за прекин на конфликтот. Ванг рече дека Кина се надева дека сите вклучени страни ќе останат посветени

Петровска: Министерката за финансии бега од одговорност за задолжувањето со нејзиното неприсуство

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, оцени дека задолжувањето од 260 милиони евра се носи во нетранспарентна постапка и предупреди дека средствата можеби нема да бидат искористени за развојни проекти. „Во овие неколку

Димитровски: Лажните вести нема да ја запрат модернизацијата на Битола

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, преку јавно обраќање упати критики кон, како што наведе, „лажните вести и кочничарите“ кои ја критикуваат реализацијата на велосипедската инфраструктура во градот. Димитровски посочи дека Битола

Израелската армија тргна во акција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел го зголемува интензитетот на воените операции во Либан со заземање стратешки позиции и зајакнување на безбедносните тампон зони по зголемувањето на нападите со беспилотни
Go toTop