Лула вети дека ќе ги казни демонстрантите кои упаднаа во бразилскиот Конгрес

January 8, 2023
1 min read

Лула за сцените видени во Бразилија рече дека се „акти на вандали и фашисти“. Тој ги обвини и безбедносните сили за „неспособност, лоша волја или злоба“ во неуспехот да ги спречат демонстрантите да се приближат до Конгресот

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва вети дека ќе ги казни поддржувачите на поранешниот лидер на земјата, Жаир Болсонаро, откако тие упаднаа во Конгресот.

Драматичните сцени со стотици демонстранти облечени во фудбалски дресови и знамиња на Бразил се случуваат една недела по неговата инаугурацијата. Полицијата во главниот град Бразилија употреби солзавец, но не успеа да ја одбие толпата.

Поддржувачите на соборениот лидер на екстремната десница упаднаа и во Врховниот суд и ја опколија претседателската палата.

Болсонаро постојано одбиваше да прифати дека ги загубил изборите во октомври и минатата недела ја напушти земјата наместо да учествува во инаугуративните церемонии.

Лула за сцените видени во Бразилија рече дека се „акти на вандали и фашисти“. Тој ги обвини и безбедносните сили за „неспособност, лоша волја или злоба“ во неуспехот да ги спречат демонстрантите да се приближуваат до Конгресот.

„Ќе откриеме кои се финансиерите на овие вандали кои отидоа во Бразилија и сите тие ќе платат за ова“,

кажа Лула.

На видео споделено од бразилскиот медиум „О Глобо“ се гледа дека некои полицајци се смеат и се фотографираат, додека демонстрантите го окупираат конгресниот кампус во позадина.

Инцидентите потсетуваат на упадот во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година од страна на поддржувачите на Доналд Трамп, инаку сојузник на Болсонаро.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Сведоштво за Пеленица: Се лизгавме на депонијата, не знаејќи дека е загадена со линдан

Следно

Цените на нафтата драстично паднаа во првата недела од новата година

Latest from Blog

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако

Водата во Демир Капија е забранета за пиење

Водата од јавниот водовод во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна, објавија попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Како што информираат оттаму, анализите на примероците земени во понеделникот и

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста се претвора во закони, а развојот во конкретни инвестиции

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Традиционалните партии ги бојкотира дополнителните избори, откако Фараж се обиде гласањето да го претстави како референдум за неговата борба против „естаблишментот“. Поради тоа, негов главен противкандидат беше комедијантот Џонатан Харви преправен во
Go toTop