Американскиот секретар за одбрана и шефот на НАТО разговараа за поддршката на НАТО за Украина

October 11, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, телефонски разговараа во врска со поддршката на НАТО за Украина, јавува Анадолу.

„Секретарот Остин и генералниот секретар Руте разменија мислења за работата на НАТО со цел поддршка на Украина, што ќе помогне да се задржи Украина во борбата и да се изгради мост за идното членство на Украина во НАТО“, се вели во соопштението на Пентагон.

Остин му честита на Руте за новата функција и двајцата изразија заеднички ентузијазам за „позитивни и продуктивни односи“.

Шефот на американската одбрана, исто така, ја истакна трајната посветеност на САД кон НАТО алијансата.

„Секретарот Остин разговараше за приоритетите на САД за НАТО и за претстојниот министерски состанок за одбрана на НАТО“, се додава во соопштението.

„Во приоритетите спаѓа имплементација на договорите што лидерите ги постигнаа на неодамнешните самити на НАТО, продолжување на зајакнувањето на напорите за одвраќање и одбрана на Алијансата, одржување на силна поддршка за Украина и зајакнување на трансатлантската одбранбена индустриска база“.

Остин и Руте, исто така, се осврнаа на моменталната нестабилност на Блискиот Исток и ја потврдија посветеноста на НАТО во задржување советодавните и активностите за подигнување на капацитетите во Ирак, според Пентагон.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Игор Кралевски: Македонија може да создаде фудбалери од европски и светски ранг, но треба да се посвети на тоа

Следно

Прво огласување на новиот газда на Вардар од Унгарија: Ајде да го направиме клубот повторно голем

Latest from Blog

„Фараоните“ ги запреа „Црвените ѓаволи“: Белгија и Египет поделија по бод (ВИДЕО)

фото: Belgian Red Devils (X) Фудбалските репрезентации на Белгија и Египет ги поделија бодовите во првото коло од Групата „Г“  играјќи нерешено, 1:1 на стадионот во Сиетл. Белгијците ја имаа улогата на

ЕУ подготвува ново правило: Новите членки без право на вето до 15 години по приемот

Европската комесарка Марта Кос најави можност новите членки на ЕУ привремено да останат без право на вето во клучни области како надворешната политика, безбедноста и буџетот. Европската Унија размислува за воведување нови
Go toTop