[Видео] Филипче: Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки пред нас

October 11, 2024
1 min read

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку видео обраќање, упати порака до граѓаните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание,  во која прави паралела на партизанската борба за слобода и сопствена држава во 1941 и денешната битка пред која се исправени граѓаните и државата.

-Денеска нашите граѓани и нашата држава повторно како и тогаш се наоѓаат пред нови битки и историски одлуки. Ако тогашната битка беше за слобода и човечки правдини, денешните битки се за стабилна, интегрирана и просперитетна Македонија. Нашиот просперитет можеме најдобро да го реализираме интегрирани со нашите европски сојузници како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија, вели Филипче во своето обраќање.

За жал, констатира Филипче, актуелната власт е првата македонска влада што свесно се откажува од европската иднина на земјата што е определба на многу генерации. Според него, членството во Европската Унија е стратешка цел и никој не смее да им го одземе ова право на граѓаните.

-Наместо храбро да се бори за остварување на нашиот сон таа го турка народот во самосожалување и откажување од остварување на нашите цели. Токму затоа на овој светол ден клучното прашање кое треба да го поставиме е дали ќе ја извојувавме слободата доколку бевме малодушни и западневме во самосожалување тој октомври 1941 година наместо храбро да се соочевме со предизвикот на борбата? Одговорот на ова прашање веќе го даде историјата, истакна Филипче.

Филипче, исто така, упатува порака дека СДСМ останува со граѓаните и на вистинската страна на историјата уверен дека само така победата е сигурна.

-Бевме на победничката страна и во 1941-та година и во 1991-та година, ќе бидеме и сега. СДСМ секогаш ќе биде тука заедно со своите граѓани и кога е во владата и кога е во опозиција. Бидејќи борбата за Македонија е борба на сите граѓани, а не само на една политичка гарнитура. Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас, потенцира Филипче. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Кипар Самит на лидерите на медитеранските земји од групата МЕД9

Следно

ОВАЦИИ И БИС ЗА АНА ДУРЛОВСКИ СО ИЗРАЕЛСКИОТ ДИРИГЕНТ ШАРОВСКИ НА СЛАВЕНИЧКИОТ КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА

Latest from Blog

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На
Go toTop