Како до правда за сите?! – Филков: Реформите се болни, ама колку и да болат ќе ги спроведеме

October 9, 2024
1 min read

Измена на устав, измени на одредени закони, кои се поврзани со работата на Судскиот совет, како и нов закон за судски совет, се дел од нештата кои треба да се направат за да се подобри судството, односно да имаме правда за сите. Ниската доверба на граѓаните во судството е доволен показател за тоа какво судство има во нашатата држава. Најголемите забелешки на Европската комисија се дека нашиот судски систем е оценет како бавен, корупмиран, а законите се применуваат селективно. Политичкото влијание и натаму ја поткопува независноста на судовите.

„Да не се залажуваме, нема реформа која што не е болна, но ниту реформа како ова што е толку неопходна. Правосудството кое што ја нема довербата на своите граѓани е правосудтво кое не успеало во својата основа должност, да го гарантира принципот на владеење на правото. Сакам да порачам дека ќе ги спроведеме неопходните реофрми колку и да се тешки и нема да застанеме тука додека граѓните не почната да гледаат со полна доверба кон судовите во постапките за заштита на своите права“, вели Игор Филков.

Оние кои во изминатиот период се најмногу критикувани се членовите на Судскиот совет. Актуелната претседателка вели дека дел од критиките се оправдани, а дел се политички и паушални.

„Не спорно е дека во изминатииот период континуирани се критиките кон Судскиот совет и морам да бидам искрена, дел од критиките за оправдани. Но, во одреден дел истите, барем таква е мојата перцепција се популистички, и од лични побуди или за одредени цели. Оние првите, оправданите, Судскиот совет ги детектираше, интензивно презема дејствија и активности, а со истото темпо ќе продолжи и во наредниот период со цел нивно надминување. За вторите, не би сакала да ги коментирам“, порача Весна Дамева.

Препораките на Оценската мисија на Европската унија се клучни во спроведувањето на реформите, смета претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

„Препораките се основата за потребните реформи во Судскиот совет и тие треба да се гледаат низ призмата на европскиот пат на државата. Во тоа е нивната суштина и цел, од тие причини од круцијално значење е самата динамика и континуитет на нивното спроведување“, вели Беса Адеми.

Инаку, според Тања Чачарова Илиевска, членка на Судскиот совет повеќе од две третини од 17 препораки од Оценската мисија кои беа упатени на адреса на Судскиот совет се спроведени.

Сето ова беше кажано на дебатата во организација на Институтот за човекови права на тема „Судски совет на РСМ – Предизвици и препораки за обезбедување на независно судство.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Чупеска: Мицкоски да не создава конфузија, ако има конкретен предлог за одблокирање на преговорите со ЕУ да го каже јасно и гласно

Следно

СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО

Latest from Blog

Фото: Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

Американската актерка посети медицински установи, вклучувајќи породилиште и детска болница во градот кој беше окупиран од Русија неколку месеци во 2022 година, пренесоа локалните медиуми. Локалниот функционер, Виталиј Богданов, објави на Фејсбук

СКОРО ПА И ГИ НЕМА: „МАЛИ ШАНСИ“ за косовската влада предводена од Коњуфца

Шансите Глаук Коњуфца, премиерот назначен од претседателот Вјоса Османи, да ја формира новата Влада на Косово се чинат минимални. Со обединетата поранешна опозиција околу идејата за нови избори, вториот обид на движењето

ЛШ: Барса чудно, но преживеа во Белгија, Интер и Сити со нови победи (ВИДЕО)

Изненадувањето на вечерта во Лигата на шампионите се случи во Белгија, каде екипата на Бриж одигра 3:3 со Барселона,но реално имаше сериозни шанси и за победа. Домашните трипати водеа, Барселона трипати израмнуваше,

Муцунски: Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата за предвидливоста на нејзиниот пат напред

Главната порака што ја добивме од Брисел е дека геополитичкиот контекс и налага на ЕУ да го интерпретира процесот на проширување како процес на унификација на Европа којшто покрај економско има и

Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

На ситуација во Газа се осврна и портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг одговарајќи на новинарско прашање и посочи дека за Грција главен приоритет е да се одржи
Go toTop