Чупеска: Мицкоски да не создава конфузија, ако има конкретен предлог за одблокирање на преговорите со ЕУ да го каже јасно и гласно

October 9, 2024
1 min read

„Не треба да се создава конфузија, ниту пак да се мистифицираат можните решенија, ова особено ако ја земеме во предвид последната изјава на министерот за евроинтеграции Муртезани“, вели за Рацин.мк проф. д-р Ана Чупеска од Катедрата за политички науки на Правен факултет при УКИМ, на прашањето на Рацин.мк во врска со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски кој во последните настапи го нуди Преспанскиот договор како модел за одложена примена на уставните измени во спорот со Бугарија околу внесувањето на бугарското малцинство во Македонија како услов на продолжување на преговорите со ЕУ.  

Чупеска вели дека „освен што е во најмала рака чудна еластичноста на ставовите кои ги презентира премиерот во врска со Преспанскиот Договор, т.е. од ништовен до урнек договор, индикативно е тоа што истовремено испраќа и амбивалентни надворешно политички пораки“.

„Многу е важно на граѓаните да им се понуди конкретно решение и, истовремено, да не се испраќаат амбивалетни надворешно политички сигнали“, укажува професорката Чупеска.

Таа го појаснува и статусот на трите документи. Преспанскиот Договор, Договорот за добрососедство со Бугарија и Преговарачката рамка со ЕУ, која има, би рекла извесни мултилатерални аспекти, вели Чупеска, се драстично различни.

„Точно е дека во Преспанскиот договор има клаузула за одложено дејство, но таква иста клаузула, според сите укажувања од челниците на ЕУ, а и според општа логика, не е јасно како дополнително би се вметнала во постоечката Преговарачка Рамка. Освен по статус и по содржина овие два договори и преговарачката рамка имаат и различен предмет на интерес, односно различен предмет на регулација“, образложува за Рацин.мк Чупеска.

Но, истакнува Чупеска, доколку навистина има воља да се најде решение за одблокирање на преговорите, тоа треба да се каже јасно и прецизно.

„Ако навистина има такво решение, сите политички сили треба да смогнат сили и да се здружат да го етаблираат како валидно и одржливо, за да може земјата да продолжи на патот на интеграцијата. ЕУ е наша ултимативна стратешка дестинација“, смета проф. д-р Ана Чупеска од Катедрата за политички науки на Правен факултет при УКИМ .

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски оствари средба со Борјана Кришто: Понудив помош и изразив искрено сочувство за жртвите и настраданите од невремето во БиХ

Следно

Како до правда за сите?! – Филков: Реформите се болни, ама колку и да болат ќе ги спроведеме

Latest from Blog

ЛШ: Фудбалот е магија, приказната на Бодо е убавина! Интер доби нова лекција (ВИДЕО)

Норвешки Бодо/Глимт е сензацијата на плеј-оф рундата во најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите на УЕФА. Норвежаните и вечерва успеаја да го совладаат Интер, овој пат на гостински терен со 1:2

Савевски за „Пулс“: Би сакал да имам увид како дошло до кривичните дела на товар на обвинетите

Ненад Савевски, судија во Кривичен суд Скопје, специјално одделение за организиран криминал и корупција и кандидат за државен јавен обвинител вечерва во Телевизија 24 го коментираше и за предметот за дискотеката „Пулс“

Савевски за „Пулс“: Обврска на јавниот обвинител е да интервенира во обвинението ако има основ за преквалификација

Еден од кандидатите за нов државен јавен обвинител Ненад Савевски, вечерва во Телевизија 24 зборуваше за предметот кој се води за трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“. Тој рече дека обврска на

Меџити на ифтар со ИВЗ: Молитви, добрина и заедништво

Претставници на политичкиот и јавниот живот вечерва присуствуваа на ифтар организиран од Исламската верска заедница, меѓу кои и Изет Меџити, кој преку објава ја истакна пораката за заедништво, почит и духовна блискост
Go toTop