Мицкоски: Премногу отстапки кон Бугарија направивме, ние нудиме конструктивен компромис за кој сме подготвени да разговараме

October 8, 2024
1 min read

Апсолутно е подобро да преговараме, немам дилема. Но, најдобро е да преговараме, а ништо ова кое што претходно го направивме како идентитетска отстапка да не го направевме. Најдобро е така и тогаш ќе беше се нормално и за нас да зависеше само Копенхашките критериуми и иполнувањето на условите кои се содржани во кластерите. Најдобро ќе беше така, вели претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во вчерашното интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ.

„Имаме проблем сега да влезат Бугарите во Уставот, но немаме проблем да влезат кога ќе бидеме дел од Европската унија. А сега имаме проблем“, дециден е Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека Македонија има премногу отстапки направено кон Бугарија години наназад, укажувајќи дека повеќе не смеат да бидат наивни, односно како што рече тој, не нудиме нешто кое што е надвор од здравиот разум, туку нуди конструктивен компромис за кој што е подготвен да разговараат.

„Не смееме повеќе да бидеме наивни. Премногу отстапки направивме овие децении наназад како никој што не направил и ако навистина има желба, тогаш има начин како сето ова да се заврши. Ние не нудиме нешто кое што е надвор од здравиот разум, ние нудиме конструктивен компромис за кој сме подготвени да разговараме“, потенцираше тој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Коста Кецмановиќ на суд: Детето убиец донесено со полиција и Брза помош, ќе сведочи во најбезбедната судница

Следно

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар

Latest from Blog

Ѓорѓиевски претстави проект за младите: мобилност, култура и заштеда со „SKOPJE CITY GO“

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го презентира новиот проект „SKOPJE CITY GO“, наменет за младите и сите граѓани на Скопје. „SKOPJE CITY GO“ е

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните
Go toTop