Либанците продолжуваат да бегаат во Сирија додека израелските напади се интензивираат

October 4, 2024
1 min read

МАСНАА (АА) – Сиријците и Либанците од Либан продолжуваат да бегаат во Сирија по интензивирањето на израелските напади, јавува Анадолу.

Некои Сиријци и Либанци кои бегаат од југот на земјата влегуваат во Сирија преку граничниот премин „Маснаа“, земајќи ги со себе само работите што можат да ги носат.

Семејствата се соочија со потешкотии по патишта кои во голема мера се уништени од воздушните напади на Израел.

Околу 400.000 луѓе се внатрешно раселени во Либан во последните две недели поради израелските напади, соопшти денес Меѓународната организација за миграции (IOM).

„Жителите продолжуваат да бегаат од нападите во Либан, многумина бараат безбедност во преполните засолништа“, соопшти Агенцијата на Обединетите нации на X.

Оттаму додадоа дека над 165.000 лица бараат засолниште во 906 колективни засолништа низ целата земја.

Нагласувајќи ја растечката хуманитарна криза, Меѓународната организација за миграции повика на меѓународна поддршка: „Со растечките потреби, повикуваме на поддршка на меѓународната заедница за осигурување на безбедноста и достоинството на раселените семејства.“

Војната во Газа се прошири и во Либан кога Израел започна со смртоносни напади низ земјата на крајот на минатиот месец, при што загинаа над 1.100 луѓе, кога беше убиен и лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

Се зголемуваат стравувањата дека континуираната ескалација може да доведе до сеопфатна војна во регионот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Врнежите ја загадија водата во Гостивар, никако не ја пијте!

Следно

Јасекевичиус и Барцокас ја “спукаа” работата (ВИДЕО)

Latest from Blog

Хоџа: Заштитата на Вардар мора да биде државен приоритет, потребни се конкретни мерки и стабилно финансирање

Заштитата на реката Вардар и одговорното управување со водните ресурси мора да бидат меѓу долгорочните приоритети на државата, со јасно дефинирани институционални обврски, стабилно финансирање и координирана соработка меѓу различните сектори. Ова

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор
Go toTop