Пошта ќе биде мултифункционален комплекс за потребите на Скопје „Европска престолнина на културата“

October 2, 2024
1 min read

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска посочи дека е донесена владина одлука да биде реновирана централната зграда на Македонска пошта. Како што најави, таа ќе има намена за мултифункционален комплекс кој што ќе биде подготвен и за потребите на Скопје „Европска престолнина на културата“ за 2028 година.

Зградата на Централната пошта во Скопје во 2021 се најде на листата 7 најзагрозени споменици во Европа за таа година. Листата на најзагрозени споменици ја составуваат Европа Ностра и Европската инвестициска банка. Уште тогаш тие објавија дека секој од загрозените споменици на листата ќе добие по 10.000 евра грант за активност која ќе придонесе за зачувување.

Целиот комплекс на Пошта на Северна Македонија, на кејот на Вардар во строгиот центар на Скопје, претставува вредно архитектонско дело на познатиот македонски и југословенски архитект Јанко Константинов (1926-2010). Објектот претрпе голем пожар во 2013 и како последица на тоа, оригиналната површина на куполата и фреските од Борко Лазески, како и опремата и осветлувањето, беа целосно уништени.

Дел од овој историски комплекс е и Телекомуникацискиот центар, но претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски објектот во кој е сместен МЕПСО го преоблече со барокна фасада. Тоа беше во рамките на озлогласениот проект „Скопје 2014“ за кој тогашната власт потроши над 700 милиони евра.

Во ноември 2023, Европската куќа во Скопје го одбележа 4. роденден со настан и изложба во зградата на Поштата.

„Денес стоиме овде во Пошта, веројатно најзначајниот пример на бруталистичка уметност, естетика што го обликуваше постземјотресниот архитектонски идентитет на Скопје. Да се потсетиме на културното наследство што треба да се заштити и негува. Денес, Пошта сè уште нема покрив и сѐ поголем е ризикот повеќе да не се користи и да се распадне. Сепак, Пошта, да ги употребиме зборовите на Сартр, не прифаќа пораз! Ниту ние. Решивме да го одбележиме четвртиот роденден на Европска куќа во Скопје токму тука. На Денот на ослободувањето на Скопје“, рече амбасадорот Гир, потсетувајќи ги гостите на листата на Европа Ностра и Европската инвестициска банка.

Љутков посочи дека формирана е работната група и треба да почне да работи. Работната група е сочинета од претставници и од Европски комисија, од Министерство за транспорт и врски и од Министерство за култура и туризам.

На новинарско прашање во врска со креативните индустрии, Љутков најави дека ќе следува посебен конкурс, на кој што во моментов се работи и набргу ќе биде објавен

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борис Кондарко е претседател на Државната изборна комисија

Следно

ПОШТАТА ВО СКОПЈЕ ЌЕ СТАНЕ МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН КОМПЛЕКС КОЈ ЌЕ СЕ КОРИСТИ И ЗА СКОПЈЕ – ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА 2028, РЕЧЕ ЉУТКОВ

Latest from Blog

Лидс плати рекордна сума за голманот на Манчестер Сити

Лидс Јунајтед официјално го потпиша голманот Џејмс Трафорд од Манчестер Сити, поставувајќи нов клупски рекорд за трансфер. Договорот е вреден 40 милиони фунти, вклучувајќи ги и дополнителните бонуси. Оваа сума го надминува

Двајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во Тајланд

Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите. Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот

Делови од три скопски општини денеска без струја, прекини до четири часа

Делови од општините Гази Баба, Бутел и Кисела Вода денеска привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на мрежата. Според најавениот распоред, прекините ќе траат од три до четири

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките
Go toTop