Петрушевски: Успешни 100 дена власт и исполнети многу ветувања кон граѓаните и покрај тешкотиите наследени од СДС и ДУИ кои ја испразниле државната каса

October 1, 2024
1 min read

Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски кој што истакна дека владата има успешен старт во првите 100 дена и исполни многу ветувања кон граѓаните и покрај тешкотии кои ги наследи од минатата власт СДС и ДУИ и празна државна каса.

„Да им честитам на сите 330 илјади пензионери кои што денес на своите трансакциски сметки ги добија своите 2,500 денари зголемување, 2,500 денари ќе бидат додадени и во мартовската пензија. Во нашата програма по која што функционираме и на која што сме ги добиле изборите и довербата од граѓаните на страна 146 детално пишува за зголемувањето на пензиите 5000 денари во првата година од мандатот. Ние ова го направивме за помалку веќе за 9 месец ако земеме дека во март следната го дина линеарно ќе бидат зголемени пензиите за 2500 денари“ истакна Петрушевски и додаде:

„Исто така мора да имаме во предвид дека ние не наследивме држава која што успешно ја раководеле буџет кој што бил ликвиден, процеси кои што биле адекватни вклучително и во меѓународните односи па за сега да зборуваме за некакво уназадување на тие процеси. Напротив наследивме изолирана држава затворена држава затоа што од самиот старт како го прифатија францускиот предлог им укажавме и зборувавме со години дека вака на ваков начин не водат во ќорсокак во делот на интеграциските процесии„ нагласи Петрушевски.

Петрушевски потенцираше дека минатата власт на СДС и ДУИ ја оставиле државната каса празна и заборавиле многу категории на граѓани.

„Наследивме буџет комплетно потрошен, неисплатени плати на многу јавни претпријатија, мораме во 21 век да зборуваме за неисплатени плати но замислете 4-5 месеци луѓе не земаа плати, најдовме средства за нив, наследивме буџет каде немаше К-15 иако е обврска на државата. Вакви дупки во буџетот може да набројуваме многу еве ќе ги споменам спортистите кои што беа заборавени, беа укинати ваучерите немаше средства во буџетот за поддршка за околу 10 милиони на спортистите така што од таа стартна точка имавме успешни 100 дена влада“ потенцираше Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Терористички напад во Тел Авив, има ранети

Следно

Синот на Ибрахимовиќ ќе дебитира за шведските јуниори

Latest from Blog

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа

Мбапе демантира: „Не е вистина дека во Реал ми прегледувале погрешно колено!“

ФОТО:Real Madrid C.F./FB Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, издаде соопштение за да ја разјасни својата физичка состојба и односот со својот клуб. Тој ги коментираше шпекулациите околу неговото здравје и

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за
Go toTop