Ердоган: Последиците од копнената операција на Израел во Либан ќе се разликуваат од сличните потези во минатото

October 1, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес предупреди дека последиците од сегашната копнена операција на Израел во Либан ќе бидат многу различни од сличните потези во минатото, јавува Анадолу.

„Последиците од копнената операција во Либан нема да бидат слични на минатите окупации (на Израел)“, рече Ердоган во обраќањето на повторното отворање на Парламентот на Туркије по летниот одмор, направено само по неколку часа откако израелските војници и тенкови почнаа да се движат во соседен Либан.

Осудувајќи ги акциите на Израел во регионот, тој го критикуваше речиси едногодишниот „геноцид“ во Газа и неодамнешните „терористички напади“ во Либан, велејќи дека Владата на Израел се обидува да ги испровоцира регионалните земји во конфликт.

„Водена од заблудата за ‘ветената земја’, по Палестина и Либан, израелската Влада ќе ги насочи погледите кон нашата (турска) татковина“, предупреди тој.

Истакнувајќи ја тежината на ситуацијата, тој рече:

„Окупацијата, теророт и агресијата се веднаш до нас. Ние не се соочуваме со држава обврзана со закон, туку со орда убијци што напредува со крв и се храни од окупацијата“.

Велејќи дека „израелската агресија е насочена и кон Туркије“, Ердоган вети дека неговата влада „ќе се спротивстави на овој државен тероризам со сите средства што ни се на располагање“ за да ја заштити нацијата и нејзината независност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче три месеци не е кадарен да одбере органи во сопствената партија, а не пак да говори за водење на држава

Следно

Здружението „Наши“ поднесе кривични пријави до ОЈО за повреди врз деца, направени од центрите за социјална работа, чии штитеници се

Latest from Blog

Астон Вила „крена раце“ од Мартинез, ќе го купува Сузуки

фото: Le 12e Analyste @ResiliencePSG (X) Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Локалитетот Куклица се уште е под узурпација: Една жена не ги пушта туристите, се вративме сите и странци и наши

Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува
Go toTop