Средба Муцунски-Јодер во Вашингтон: Реафирмирана силната поддршка од САД за Македонија

October 1, 2024
1 min read

На маргините на Конференцијата на глобалната коалиција за борба против ИСИС, Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со заменик помошникот секретар на Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот при американскиот Стејт Департмент, Брандон Јодер.

На средбата стана збор за борбата против корупцијата и поддршката на САД во делот на владеењето на правото, што е меѓу приоритетите во рамките на Стратешкиот дијалог. Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната поддршка за демократски процеси во земјава.

-Високо ја цениме одлука на американската Влада за зголемување на фондовите за меѓународна контрола на наркотици и спроведување на законот, со посебен фокус на развојните програми за Граѓанска безбедност и спроведување на законот, како и за владеење на правото, истакна министерот Муцунски на средбата.

Воедно, соговорниците ја истакнаа потребата од забрзување на евроинтегративниот процес на земјава. Во таа смисла, беше реафирмирана силната поддршка од САД за нашето членство во ЕУ. Поздравено беше и силното сојузништво во рамки на НАТО, поддршката за Украина, како и континуираните заеднички заложби за справување со глобалниот тероризам и современите безбедносни предизвици.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ветувањето од 5.000 денари за пензионерите новата Влада го преполови, а направи дупка во буџетот од 100 милиони евра

Следно

Десет ученици загинаа во пожар во училиштен автобус при посета на Тајланд

Latest from Blog

Потпишан договорот за финансирање: Вториот дел од автопатот Скопјe-Блаце ќе чини 198,4 милиони евра и ќе има пет тунели

Изградбата на вториот дел од автопатот Скопјe-Блаце се очекува да започне во август и да трае околу четири години, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Според него, проектот

Општина Битола: Инвестиција во комуналната хигиена – пристигна нова опрема

Во ЈП „Комуналец“ Битола пристигнаа уште два камиони за подигнување на отпад со капацитет од 12 кубни метри, со што вкупниот број на досега испорачани возила достигна шест од планираните десет. Возилата

Димитриеска-Кочоска: Буџетските приходи достигнаа 170 милијарди денари, раст од 8,6% во првата половина од годината

6 јули 2026, Скопје – Во првата половина од годината, односно во периодот јануари-јуни, вкупните приходи во Буџетот се реализирани во износ од 170 (поточно 169,9 па ги заокружив) милијарди денари што

Меси на елегантен начин ја демантираше наводната љубовна афера со новинарка!

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Најдобриот фудбалер на сите времиња се чини на елегантен начин ја демантираше наводната љубовна афера. Лео Месио се осврна на гласините за наводна афера со аргентинската спортска новинарка Софи Мартинез. По
Go toTop