„Оваа можност ја чекаме со години“, изјави началникот на Генералштабот на Израел за нападите врз Хезболах

September 26, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Началникот на Генералштабот на Израел, Херзи Халеви, изјави дека нападите врз Хезболах во Либан треба да продолжат и додаде дека „оваа можност ја чекаат со години“, известува Анадолу.

Во соопштението на израелската армија Халеви зборуваше за нападите врз Хезболах во Либан. Тврдејќи дека нападите во Либан „мора да продолжат“, Халеви истакна: „Оваа можност ја чекаме со години“.

Интересно е што изјавата на Халеви за продолжување на нападот е дадена во време кога на дневен ред беше прашањето за прекин на огнот со Хезболах.

Израелската армија, која од 8 октомври ги продолжува контролираните судири со Хезболах, од 23 септември изврши стотици воздушни напади врз градовите на југот на Либан, како и врз регионите Бека и Балбек.

Според либанските власти, најмалку 679 луѓе се убиени во интензивните израелски воздушни напади, додека речиси 150.000 се раселени во земјата поради бомбардирањата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова: Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори со ЕУ

Следно

Во говорот од ООН, Сиљановска Давкова за прв пат го употреби уставното име Република Северна Македонија

Latest from Blog

Хоџа: Заштитата на Вардар мора да биде државен приоритет, потребни се конкретни мерки и стабилно финансирање

Заштитата на реката Вардар и одговорното управување со водните ресурси мора да бидат меѓу долгорочните приоритети на државата, со јасно дефинирани институционални обврски, стабилно финансирање и координирана соработка меѓу различните сектори. Ова

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор
Go toTop