Уште еден пораз на Е. Пелистер во ЛШ

September 26, 2024
1 min read

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер го запиша третиот пораз по ред во Лигата на шампионите оваа сезона или вкупно 17. ако се земат во предвид и мечевите од минатата сезона откако Битолчани загубија со 34-25 од Динамо Букурешт во Романија.

Израмнето беше само во првите 10 минути кога беше 5-5, потоа Динамо со серија од 3-0 се одлепи и дојде до 8-5. На полувремето беше 19-13 за романскиот тим.

Во вториот дел Динамо само рутински ја одржуваше предноста и на крајот ја зголеми за конечна победа од 15-12.

Убедливо најефикасен кај Пелистер беше Филип Кузмановски со девет голови, Радивојевиќ постигна шест, во тимот на Динамо, Роста даде седум гола.

Следниот меч од Лигата на шампионите Пелистер го игра против Спортинг во Битола.

Но, она што е повозбудливо од мечевите на битолчани во елитната европска конкуренција е дербито на домашно тло кое се игра во сабота, во салата „Јане Сандански“ од 17:45 играат Вардар и Пелистер.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Активист приведен во Франција поради повикување „интифада“ е последна жртва на притисокот врз поддржувачите на Палестина

Следно

Ердоган: „Засрамувачко е криминалецот кој извршил геноцид во Палестина да може да земе место под покривот на ОН“

Latest from Blog

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји
Go toTop