„Војните на Блискиот Исток ги покажуваат двојни стандарди на САД“, изјави кинескиот министер Ванг

September 26, 2024
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – „Актуелните војни на Блискиот Исток ги покажуваат двојните стандарди на Соединетите Американски Држави (САД) во однос на човековите права“, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Њујорк, известува Анадолу.

„Доколку САД толку многу се грижат за човековите права на муслиманите, зошто продолжуваат да предизвикуваат или поддржуваат војни на Блискиот Исток и во други региони, предизвикувајќи голем број невини муслимански жртви?“, го запраша Ванг шефот за човековите права на Обединетите нации (ОН), Волкер Турк, за време на состанокот на маргините на Генералното собрание на ОН (ГСОН).

„Зошто САД ги затвора очите пред историските неправди со кои се соочи арапскиот народ и не ја поддржуваат Палестина да стане полноправна членка на Обединетите нации“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Коментирајќи ја ситуацијата во северозападната кинеска провинција Ксинџијанг, Ванг рече дека прашањата поврзани со Ујгурите во тој регион се користат „за напад и оцрнување на состојбата на човековите права во Кина“.

Тој додаде дека Кина е подготвена да се вклучи во дијалог со сите земји по прашањата за човековите права врз основа на еднаквост.

„Вратите на Кина се отворени за светот и ги покануваме пријателите од сите земји да ја посетат Кина и самите се уверат во тоа“, изјави Ванг.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на УНДП

Следно

Лина Ѓорчевска се пласираше во четврфиналето на турнирот во Србија

Latest from Blog

Хоџа: Заштитата на Вардар мора да биде државен приоритет, потребни се конкретни мерки и стабилно финансирање

Заштитата на реката Вардар и одговорното управување со водните ресурси мора да бидат меѓу долгорочните приоритети на државата, со јасно дефинирани институционални обврски, стабилно финансирање и координирана соработка меѓу различните сектори. Ова

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор
Go toTop