Томовски: Со тоа што службените возила ќе имаат обоени регистарски таблици сметаме дека ќе се намали нивната злоупотреба

September 23, 2024
1 min read

Ние неодамна на една од владините седници поднесовме барање да се формира работна група со претставници од СОЗР, кабинет на претседател на Влада, кабинет на министер за добро владеење, министерство за финансии, министерство за внатрешни работи, за енергетика и рударство и генерален секретар. Практично сакаме да воведеме еден регистар на возила и истите да добијат соодветни таблици, односно таблици во боја што ни е и едно предизборно ветување кон граѓаните кое сега почнуваме да го исполнуваме, рече Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата на денешното гостување на телевизија 21.

Томовски информираше дека истото ќе се спроведе преку измени во два закона, Законот за возила и Законот за ствари во државна и во општинска сопственост.

„Со тоа сметам дека ќе се исфрли, односно намали целосната злоупотреба на службените возила. Првите информации и детали ќе ги имаме кога ќе се формира работната група. Мислам тоа ќе биде во среда, а првиот состанок во петок и потоа ќе се знае првично во каква боја ќе се таблиците, дали ќе се разликуваат од институција до институција и слично“, информираше Томовски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лидерите на земјите членки утре на 79. заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Следно

Албанија, Србија и Црна Гора доживуваат туристички бум

Latest from Blog

Руската армија соопшти дека за три часа соборила 148 украински дронови

Руската армија соопшти дека во период од три часа нејзините сили за противвоздушна одбрана собориле вкупно 148 украински беспилотни летала, додека во делови од погодените области се работи на обновување на снабдувањето

Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик

Со почеток во 12:30 часот денеска во Скопје ќе се одржи протестен марш како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит, најави Министерството за внатрешни

Јавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители

Јавна расправа по предлог-законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ќе се одржи денеска во Парламентот, во организација на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, која
Go toTop