Белата куќа: САД не се вмешани во експлозиите во Либан на ниту еден начин

September 18, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Белата куќа денес негираше каква било улога во серијата експлозивни напади во Либан, кои таргетираа илјадници комуникациски уреди два дена по ред, при што загинаа најмалку 26 луѓе, а повредени се 3.250, јавува Анадолу.

Портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, рече дека Соединетите Американски Држави (САД) „не се вмешани во вчерашните или денешните инциденти на ниту еден начин“.

Ниту една страна не ја презеде одговорноста, а нападите повторно го покренаа сеништето за војна меѓу Хезболах и Израел. Многу уреди, како пејџери и воки-токи, беа користени од припадници на Хезболах, кој функционира и како паравоена и како политичка група со огромни социјални услуги во Либан.

„Прерано е да се знае што ќе значат овие инциденти за веќе високите тензии меѓу Израел и Хезболах на таа граница“, рече Кирби.

„Сè што можам да ви кажам е дека пред неколку дена, Амос Хохштајн, нашиот пратеник, беше во регионот за разговори со цел да направиме сѐ што можеме од дипломатски аспект за да спречиме тие тензии да ескалираат во сеопфатен конфликт.“ додаде тој.

Експлозиите се случуваат во период на повеќемесечни прекугранични напади меѓу Хезболах и Израел, паралелно со бруталната израелска офанзива на Појасот Газа, во која досега загинаа речиси 41.300 луѓе, главно жени и деца.

Војната беше поттикната од прекуграничниот напад на 7 октомври, предводен од Хамас врз Израел, во кој загинаа 1.189 луѓе, а околу 250 се однесени во Газа како заложници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Томовски: Ќе се стави крај на злоупотребата на службени возила, истите ќе бидат соодветно обележани!

Следно

ЛШ: Интер освои бод против Манчестер Сити, несреќен пораз на Џирона

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Владата инвестира во проекти што носат долгорочни резултати

26 јуни 2026 година, Скопје– Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните

Очекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)

Групата Д на текониот Мундијал го доби очекуваниот епилог синоќа. Последното трето коло го донесе расплетот на табелата, и патниците во следната елиминациона фаза. Она што се претпоставуваше дека ќе се случи

Нови правила во Брисел – ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ТУРКААТ „МЕМБЕРШИП-ЛАЈТ“

Европската комисија подготвува нов план за „постепена интеграција“, со кој на земјите-кандидати ќе им се овозможат економски придобивки пред тие официјално да влезат во ЕУ, пишува „Политико“. Целта на Брисел е да
Go toTop