Во тек е евакуација на северот на Чешка поради големите поплави

September 17, 2024
1 min read

ПРАГА (АА) – Поплави зафатија делови од Чешка, особено северниот дел, каде што повеќе од 50.000 домаќинства останаа без струја, а спасувачите се обидуваат да го евакуираат загрозеното население, пренесува Анадолу.

Противпожарната и спасувачката служба на Чешка објави снимка на која се гледаат поплавените области со оштетени куќи и патишта, како и борбата на спасувачките тимови со поплавите и обидите да го спасат цивилното население.

„Мораме да бидеме подготвени за најлоши сценарија. Пред нас е тежок викенд“, предупреди минатата недела чешкиот премиер Петр Фиала.

Чешките власти соопштиле дека едно лице го загубило животот, а осум лица се водат за исчезнати, наведе „Гардијан“.

Ризиците од поплави остануваат критични за реките Одра, Опава, Брана и Новохрадка, особено во подрачјата Јесеники и Пардубице, објави Радио Прага интернационал.

Иако нивото на водата опаѓа во горниот тек на реките, бранот поплави продолжува низводно, загрозувајќи ги пониските области како Ухретице и Хрустовице.

„Во тек е евакуација во Опава, Крнов, Острава, Јесеник, Фридлант и други места. Евакуирани се повеќе од 12.000 луѓе. Во Фридлант е прогласена вонредна состојба“, објави премиерот Петр Фиала на социјалната мрежа Х.

Тој информираше дека од почетокот на поплавите, пожарникарите интервенирале во 7.884 ситуации.

„Опасноста од контаминација на водата и храната при поплави е голема“, предупреди тој и ги повика граѓаните „да ја почитуваат хигиената, да пијат само флаширана вода и да не користат потопена храна“.

Делови од источна и централна Европа се борат со силните поплави кои предизвикаа повеќе смртни случаи и се причина за евакуација на десетици илјади лица, објавија медиумите вчера.

Екстремните врнежи од дожд поради бурата „Борис“ последните денови ги зафатија Романија, Чешка, Полска, Словачка, Унгарија, јужна Германија и делови од Австрија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АХВ изрече мерка на времено затворање на кујната во касарната Гоце Делчев

Следно

Министерството за здравство донесе одлука која компанија ќе ја мести компресорската станица

Latest from Blog

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека
Go toTop