Тошковски: Нашата независност е наш најголем успех, заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата, каде јасно ставаме до знаење дека криминалот не се исплати

September 8, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати честитка до сите граѓани по повод 8 Септември – Денот на независноста, кој годинава се празнува под мотото: „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“.

Почитувани граѓани,

Пред 33 години, на референдумот во 1991 година, огромно мнозинство од граѓаните гласаа за независна, слободна и демократска Република Македонија. Патот кој го започнавме сите заедно беше долг и тежок, полн со предизвици.
Зад себе имаме три децении независност исполнети со искушенија, падови, но и моменти на гордост. Посакувавме своја држава во која ќе имаме силни институции без корупција, економија која нуди шанси за сите, здравствен систем кој навистина им помага на болните и образовен систем кој создава нови лидери. Нашата визија беше да изградиме држава каде младите ќе ја гледаат својата иднина, каде законите важат за сите подеднакво и каде секој граѓанин ќе се чувствува достоинствено.
И понатаму наша најголема обврска останува да биде градењето на систем каде владее правото и правдата. Борбата против криминалот и корупцијата е наша заедничка цел и наш приоритет. Само со неселективна правда и закони кои важат еднакво за сите, можеме да создадеме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува безбедно и заштитено. За таа цел, цврсто сме посветени на градење систем од силни институции, модерна и професионална полиција, која ќе биде гарант за безбедноста и стабилноста на нашата држава.

Низ годините наназад направивме големи отстапки, верувајќи дека тие ќе не приближат кон интеграција во Европската Унија и ќе овозможат подобар стандард и поквалитетен живот за сите наши граѓани. Но и покрај тие напори, нашата интеграција во Европската Унија сè уште не е реализирана. Ова не е причина за обесхрабрување – напротив, тоа е поттик да продолжиме да се бориме за она што ни следува.

Денес, како Влада фокусирани сме на привлекување нови инвестиции, воведување на нови технологии, отворање нови работни места, сè со цел создадавање на поквалитетен живот за секого. Но најважно, заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата, каде јасно ставаме до знаење дека криминалот не се исплати и каде секој граѓанин има еднакви можности.

Нашата независност е наш најголем успех, но и најголема обврска. Со храбри одлуки, заеднички труд и институции со интегритет ослободени од секакви влијанија, можеме да изградиме иднина каква што заслужуваме – иднина во која Македонија ќе биде модерна европска држава, гордо застаната рамо до рамо со европските држави.
Заедно се бориме, заедно ќе успееме! Нека е честит Денот на независноста 8 Септември! Да живее Македонија!

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Активни три пожари, изгаснати 31

Следно

Почнува 32.издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop