Најмалку две лица загинаа во јужна Кина по обилните врнежи и ветрови предизвикани од супертајфунот Јаги.
Како што пренесе ДПА, најмалку 92 лица се повредени.
Двата смртни случаи се случиле во градот Динган на островот Хаинан.
Јаги вчера стигна до копното во Хаинан и делови од соседната копнена провинција Гуангдонг и беснееше во текот на ноќта.
Повеќе од 2.200 работници беа мобилизирани за да ја вратат струјата за над 1,5 милиони погодени домаќинства во Хаинан.
Јаги претходно ги опустоши Филипините, каде загинаа најмалку 16 луѓе.
Извор: 24vesti.mk