Перински: Повикот за финансирање проекти не е предизборен поткуп, сите градоначалници имаат можност да добијат средства

September 5, 2024
1 min read

Повикот за финансирање проекти на општините не може да се дефинира како предизборен поткуп, затоа што сите градоначалници имаат можност да аплицираат и да добијат средства, изјави вечерва министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Гостувајќи на телевизија „Сител“, тој додаде дека и Градот Скопје може да аплицира за проекти. Но, запрашан што ако добијат проект за набавка на 250 нови автобуси, тој подвлече дека тоа не е инфраструктурен капитален проект што градоначалничката Данела Арсовска не може сама да го исфинансира.

-Бидејќи на средбата во Владата, рече дека Градот е во финансиска консолидирана состојба, истакна Перински.

Околу најавеното комплетно менување на Законот за локална самоуправа, Перински образложи дека „скопјани се сведоци на едно, за кое може да каже, недолично однесување од стана на еден од градоначалниците“.

– Сметаме дека Законот не треба да го овозможи тој комфор да не може да биде променет градоначалник. Нашата интенција е да донесеме модерно издржано решение решение согласно модерните времиња во кое функционираат општините, рече Перински.

Според него, има потреба од измена на Законот, но тоа, како што посочи, не треба да биде од денес за утре, туку со широка дебата во која ќе бидат вклучени експерти и единиците на локалната самоуправа. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожарот во прилепско стигна до селото Крушевица, општината бара сите кои имаат имот во селото да помогнат во гасењето

Следно

Судски совет го усвои извештајот за случајот со судијата Пајазит Пајазити – ќе има ли одговорност?

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop