Пожарот во прилепско стигна до селото Крушевица, општината бара сите кои имаат имот во селото да помогнат во гасењето

September 5, 2024
1 min read

Пожарот кој што изминативе денови гори на територијата на општина Прилеп се заканува да го зафати селото Крушевица, поради што од општината побараа помош од сите жители.

Како што извести ЦУК, пожарот во општина Прилеп е најактивен кај селата Штавица, Крушевица, Пештани и Прилепец и гори нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.

Од Општина Прилеп ги повикаа сите кои имаат имот во селото Крушевица итно да се упатат кон своите имоти опремени со соодветна облека и алат за гасење (лопати и гребла). Тие известија дека пожарот се доближува до селото и бараат сите кои може да помогнат.

Под објавата на Општина Прилеп на социјалните мрежи граѓаните револтирано реагираат бидејќи се чекало премногу за да дојде ситуација во која од пожарот се загрозени и имотите на граѓаните. Граѓаните прашуваат зошто се чекало да дојде до ова и дека службите несериозно и на шега ги сфаќаат пожарите.

Претходно објавиме дека се шири и пожарот во општината Чашка, каде што гори мешана шума, а според локалните жители тие немаат никаква помош во гасењето.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По трагедијата во која загинаа татко и син: Нареден инспекциски надзор над работите на автопатот Скопје-Куманово, издадено решение за итно запирање

Следно

Перински: Повикот за финансирање проекти не е предизборен поткуп, сите градоначалници имаат можност да добијат средства

Latest from Blog

Извршени смртните казни за тројца Иранци, учесници во неодамнешните протести во Техеран

Тројцата мажи беа прогласени виновни и одговорни за смртта на двајца припадници на безбедносните сили во главниот град Техеран. Обвиненијата вклучуваа убиство и „оперативни активности“ поврзани со САД и Израел. Смртните казни

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење во вторник на владина седница, а потоа во собраниска процедура

 Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе биде на седница на Влада, а потоа ќе биде процесиран во Собрание. Сметам дека за еден, максимум еден и пол месец, законот ќе биде

Тајната на евтиниот шопинг стигнува во Македонија – Pepco отвара продавници во Скопје

Обележете го јуни во вашите календари, бидејќи првите продавници на Pepco во Скопје се подготвени да станат дестинација број еден за сите што бараат квалитетна облека и производи по најдобри цени на
Go toTop