Советник на Груевски – кандидат на Таравари за министер кај Ковачевски

February 11, 2023
1 min read

Кандидатот на Алијанса за Албанците за министер за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, му бил советник на Груевски за високо образование, наука и ИКТ. На списокот на советници на Груевски, објавен од Владата на СДСМ во мај 2018 година, името на Азир Алиу е наведено прво

„Оваа држава ќе биде без менталитетот на Груевски и неговите остатоци во белата палата која е поцрнета од криминалите“, пишува во денешното соопштение од Алијанса за Албанците кое е реакција на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Азир Алиу – кандидатот за министер за информатичко општество и администрација од редовите на Алијанса за Албанците бил советник на Никола Груевски додека тој беше шеф на Владата. Ова го пишува и во неговата биографија, во која, меѓу другото, Алиу навел дека од 2013 до 2017 година работел како советник за високо образование, наука и ИКТ во кабинетот на премиерот. А, премиер во тој период беше Никола Груевски, кој во меѓу време, за да не оди во затвор, побегна во Унгарија.

Дел од биографијата на Азир Алиу доставена од премиерот Димитар Ковачевски до Собранието

По доаѓањето на СДСМ на власт, Владата на Зоран Заев обелодени дека Груевски во периодот од 2010 до 2016 година имал вкупно 91 советник, за што се трошеле по најмалку 1,73 милиони евра годишно. На списокот на советници на Груевски, објавен во мај 2018 година, името на Азир Алиу е наведено прво.

Инаку, Алиу е доктор по информатички науки и редовен професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Родум е од Гостивар и има 47 години. Тој е дел од предлогот за реконструкција на Владата што премиерот Димитар Ковачевски веќе го достави до парламентот, по договорот со Арбен Таравари за влез на Алијанса за Албанците во владиниот состав.

Од друга страна, лидерот на Алијанса за Албанците во повеќе изјави во последно време зборува дека ВМРО-ДПМНЕ е нереформирана и останата во времињата на Никола Груевски. Таква теза има и во денешната реакција на Алијанса на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ја разбираме омразата на ВМРО-ДПМНЕ кон Алијанса за Албанците и нашите експоненти, која потекнува од 2017 година, кога го прекинавме нивниот режим и во многу други случаи кога ниту се предадовме ниту дозволивме тој режим да се врати… Оваа држава ќе биде без менталитетот на Груевски и неговите остатоци во белата палата која е поцрнета од криминалите“,

пишува во соопштението од Алијанса.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, при гостување на МРТВ во септември минатата година оцени дека ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски е иста како таа на Груевски.

„Нема никаква разлика, затоа што ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ е само наследство на претходното раководство. Тоа се советниците во кабинетот на поранешниот претседател или претседател на Влада“,

кажа Ковачевски.

Сега Ковачевски и Таравари предлагаат за министер токму советник на Груевски во времето кога беше премиер.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На мапите на Гугл одамна им се нема случено нешто подобро

Следно

(ВИДЕО) Додека се обидуваа да помогнат на други, урнатина ги поклопи турските спасувачи

Latest from Blog

Ребалансот носи 46 милијарди денари за капитални инвестиции, вели Димитриеска-Кочоска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека предложениот ребаланс на Буџетот за 2026 година не е резултат на финансиска криза, туку претставува развојна мерка со која се обезбедуваат средства за капитални инвестиции

Новиот британски премиер ги намалува даноците на сметките за електрична енергија

Според соопштението, британската влада планира да го укине данокот на додадена вредност (ДДВ) на сметките за струја за домаќинствата, почнувајќи од 1 октомври. Трошокот за оваа мерка во тековната финансиска година ќе

ВЛЕН бара темелна истрага за загадената вода во Гостивар

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека очекува целосно расветлување на случајот со загадувањето на водата за пиење во Гостивар и утврдување одговорност за сите кои, како што наведуваат, со дејствување или пропуст придонеле за

СЕДМИОТ ГОСПОДАР НА ДАУНИНГ СТРИТ: Кој е Енди Барнам, човекот што ја презеде британската премиерска фотелја?

Како нов лидер на владејачката Лабуристичка партија, Енди Барнам стана 59-ти премиер на Обединетото Кралство на 20 јули. Барнам, кој има 56 години, доби широка поддршка во Лабуристичката партија за преземање на

Претседателот на КОНМЕБОЛ тврди: СП во 2030 ќе биде со 64 репрезентации!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез, изјави дека Светското првенство во 2030 година сигурно ќе се одржи со учество на 64 репрезентации. „Следниот турнир
Go toTop