Митева до СДС: Опседнатоста со Мицкоски се гледа преку денешната седница каде користите политичка интерпелација како основ да зборувате за премиерот

September 3, 2024
1 min read

На денешната седница во собранието на Македонија се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која што истакна дека СДС нема никаков напредок и се опседнати со Мицкоски а денешната интерпелација е гола политика што сакаат да ја продадат на македонската јавност.

„Колега Талевски имам две работи што сакам да ви ги кажам после вашиот говор, првата е дека преку вашиот говор јавноста може да види каква е тажната реалност во СДС, колку ви се тажни и стари тезите и колку немате напредок на ниедно поле и втората работа дека толку многу не можете да ја поправите таа расипана плоча што едноставно во говорот ако пребројав на секоја страница го спомнувате Мицкоски а вкупно го спомнувате 12 пати. Пребројте си да видите колку сте опседнати со Христијан Мицксоки. И колку не станува збор за никаква интерпелација туку станува збор за гола политика која што сакате да ја продадете на македонската јавност“ кажа Митева и додаде:

„Неколку пати кажавте што сме ветиле што сме оствариле, јас ќе ви набројам. Ветивме дека ќе заминете во опозиција со ДУИ заминавте. Ветивме дека се што направивте и ја ограбивте Македонија ќе вратиме, 3000 вработени ги оставивте без плата реализиравме и имаат пари да однесат дома нивните семејства леб да јадат. Ветивме повисоки пензии за 5000 денари остваривме. Ги оставивте луѓето без законска обврска за К-15, остваруваме ќе биде реализирано“ нагласи Митева.

Митева додаде и дека СДС без срам ја ограби државата.

„А што направивте вие ја ограбите државата и жалам што вашата колешка Бисера Антоанета Костадиновска Стојчева не е тука да ја прашате како се трошат службени картици за куфери ручеци хулахопки и плишени мечиња. Засрамете се и треба да имате образ и ова да не го правите“ нагласи Митева.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анкета во Грција: Нова демократија со намален рејтинг, пад на СИРИЗА на третата позиција

Следно

Гаши: Ова е интерпелација против верската припадност на претседателот на Собранието

Latest from Blog

Фото: Бикините на Дуа Липа

Партнер на оваа егзотична дестинација и е момчето Калум Тарнер. На радост на фановите Липа своите следбеници на социјалните мрежи редовно ги информира за дневните активности. Според фотките може да се забележи дека

Ова се напаѓачите кои се опција за Ливерпул место повредениот Исак, на списокот и еден Србин!

ФОТО: FC Liverpool/FB Сега веќе и дефинитивно е јасно дека Ливерпул ќе мора подолго време без повредниот Александер Исак. Па така се наведува дека има седум потенцијални напаѓачи како негова замена кои

Божиќен куглоф

Почестете се себеси и вашите најблиски, во овој посебен период, со овој многу едноставен но вкусен куглоф. Состојки: 150 грама интегрално брашно 80 грама густин 50 грама мелени бадеми 1 прашок за
Go toTop