ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не сакала да патува со автомобил до Цетиње и го ангажирала службениот авион за 1700 евра, продолжуваме и денеска со детали за расипничкото однесување

September 3, 2024
1 min read

Чорапи, хулахопки, мечиња, топки, ручеци, вечери, изнајмување на станови, шетање на пријателки, па и авионски карти кои не се користени… За сето ова и за многу други работи Бисера Антоанета трошела народни пари без воопшто да не и гајле дали ја претставува државата. Очигледно единство и било приоритет да се грижи за личните интереси и за личниот џеб, велат во денешното соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Бисера Антоанета никако не сопирала со нејзината алчност и непромисленост.

Бисера Антоанета одела дотаму што ангажирала владин авион за пат до Црна Гора поточно во Цетиње.

Бисера Антоанета многу чудно, но очигледно тактизирала со 12-те дена пред настанот кога бил стигнат дописот за истиот. Па така правејќи се дека не знае издејствувала авион за два дена за да патува до Цетиње, Црна Гора.

Бисера Антоанета за таа цел платила 102.347 илјади денари или околу 1700 евра кон владината Служба за општи и заеднички работи.

Инаку поканата во кабинетот на Бисер Антоанета стигнала 2 декември 2022 година, а таа реагирала по 12 дена. Зошто само таа знае, но јасно се надзира зошто е тоа така. Но, јасно е е и дека таа можела да замине со службено возило што е многу поевтино.

Бисера Антоанета треба да одговори на многу прашања, за хулахопките, мечињата, неискористените авионски карти, како и за ова патување на толку кратка релација.

Бисера Антоанета е само еден од многуте случаи од СДС. Со детали за расипничкото однесување продолжуваме и денес, се вели во соопштението на партијата на власт.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Следно

Има работа, кој сака да работи- Најмногу слободни места во услужните дејности

Latest from Blog

Уредени јавни површини и нови садници во срцето на Прилеп

Денеска на улицата „Прилепски бранители“, на потегот од семафорите до кружниот тек кај Здравствен дом од двете страни на улицата , се реализираше акцијата за засадување на зимзелени, украсни и грмушкести растенија.

Доживотен затвор за штипјанецот Асанов за бруталното убиство на Николова

Основниот суд во Штип му изрече доживотна казна затвор на 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепото убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Пресудата ја соопшти судијката Јулијана Недкова, откако Асанов беше прогласен за

Општина Битола: Завршува реконструкцијата на улиците во Братиндол

Откако во март годинава Општина Битола ја започна реконструкцијата на улици во селото Братиндол, денеска механизацијата ги асфалтира. Станува збор за проект кој општината го доби од вториот повик на владата преку
Go toTop