Предложен притвор за Марјан „Доказ“, Обвинителството охрабрува и други евентуални оштетени да пријават

February 10, 2023
1 min read

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје денеска достави Предлог за определување мерка притвор за лице осомничено дека сторило кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в. чл.19 од КЗ, кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.1 од КЗ, две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ.

-Притворот е предложен бидејќи на товар на осомничениот му се ставаат повеќе кривични дела сторени од позиција сопственик на интернет портал, преку кој, искористувајќи познанства и релации со различен профил на лица, преземал противправни дејствија во континуитет, што упатува дека ќе ги презема и во иднина доколку не му биде определена мерка притвор и биде оставен да се брани од слобода. Осомничениот се служел со сопствениот интернет портал, знаејќи дека е достапен на неограничен круг лица, како средство за ефективен притисок врз жртвите, притоа предизвикувајќи лавина општествени последици со несогледива штета во форма на религиска омраза и ксенофобични идеи. Дополнителна околност во таа насока е потребата да се заштитат жртвите, кои биле подложени на изразен говор на омраза и закани преку компјутерски систем и преку интернет порталот на осомничениот, информираат од Обвинителството.

Освен ова, постојат околности и кои очигледно укажуваат на опасност од бегство на осомничениот заради кои исто така јавниот обвинител сметаше дека е неопходна притворска мерка за обезбедување на неговото присуство.

Со оглед на широкиот круг на потенцијални жртви од активноста на веб порталот на осомничениот во подолг временски период, Основното јавно обвинителство Скопје охрабрува и други евентуални оштетени од вакви кривични дела да ги пријават.​

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Приведен белгиски европратеник

Следно

ГОЛЕМИНАТА НА СПАСУВАЧКИТЕ ЕКИПИ НЕМА КРАЈ – дете побарало да бидат спасени неговите папагали заробени во неговиот дом (ВИДЕО)

Latest from Blog

Ѓорѓиевски вечерва меѓу сограѓаните: Заедно кон историска победа

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва беше меѓу своите сограѓани во Драчево, местото каде секогаш се чувствува најкомотно и најискрено прифатен. „Со луѓето со кои сум израснал ги споделивме

Лажен инвалид половина век примал пензија- од Италија добил дури милион евра

Седумдесетгодишниот маж примал инвалидска пензија од 1972 година, објави ТВ Раи. Финансиската полиција го следела повеќе од два месеци и го снимала како работи во градината, користејќи опасни алатки како што се

Вирц прогласен за најлош летен трансфер во Премиерлигата

Американското издание на „Спортс Илустрејтед“ го прогласи Флоријан Вирц за најлош летен трансфер во Премиер лигата. Списанието состави ранг-листа на најлошите трансфери од англиските клубови минатото лето. Критериумите за оценување беа перформансите
Go toTop