Израел повикa на „палестинска самоуправа“ на окупираниот Западен Брег

August 7, 2024
1 min read

ТЕЛ АВИВ (АА) – Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац денес повика на „палестинска самоуправа“ на окупираниот Западен Брег со безбедност и надворешни работи под израелска контрола, јавува Анадолу.

Повикот следува еден ден откако палестинската група на отпорот Хамас го именува Јахја Синвар за политички шеф на местото на Исмаил Ханије, кој минатата недела беше убиен во иранскиот главен град Техеран.

Хамас и Иран го обвинија Израел за извршување на убиството на Ханије, но Тел Авив ниту ја потврди ниту ја негираше одговорноста.

„Изборот на Јахја Синвар за лидер на Хамас мора да прати јасна порака до светот дека палестинското прашање сега целосно е под контрола на Иран и Хамас“, рече Кац во објавата на социјалната мрежа Х.

Тој изјави дека израелските воени операции на окупираниот Западен Брег имаат цел да спречат територијата да падне под контрола на Хамас.

„Решение е палестинскo самоуправување во Јудеја и Самарија (Западниот Брег, заб.ав.), дозволувајќи им да управуваат со сопствените животи. Израел мора да ја задржи контролата над безбедноста и надворешните работи за да спречи формирање на уште едно иранско-исламистичко упориште на екстремисти и да им дозволи на Палестинците да управуваат со своите внатрешни работи“, истакна Кац.

За изјавите на Кац досега нема коментар од палестинска страна.

Палестинците сакаат да основаат независна држава на окупираниот Западен Брег и Појасот Газа, а Израел се противи на тоа.

Минатиот месец Кнесетот (израелскиот Парламент) гласаше за одбивање на формирање палестинска држава, нарекувајќи го егзистенцијална закана за Израел.

Меѓународниот суд на правдата на 19 јули ја прогласи повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел за нелегална и побара евакуација на сите постојни нелегални населби на Западниот Брег и Источен Ал Кудс (Ерусалим).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ: Не е исклучена можноста за протести наесен но во рамки на демократските механизми кои стојат на располагање

Следно

Трамп: Ќе ги надополнам стратешките нафтени резерви доколку освојам нов мандат во Белата куќа

Latest from Blog

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи во Соединетите Американски Држави и добитник на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“, присуствуваше на вечера на имотот Мар-а-Лаго во Флорида, каде што лично

Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!

 Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД. Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“.

Евростат: Македонија со најниско ценовно ниво на храната и безалкохолните пијалаци

Храната и безалкохолните пијалаци во Македонија се 25,2% под просекот на Европската Унија. Најголема разлика има кај овошјето и јаткастите плодови, лебот и житарките, додека цените на маслата и мастите се најблиску

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на
Go toTop