Илон Маск им објави војна на адвертајзерите

August 7, 2024
1 min read

Илон Маск реши да го ескалира очигледното непријателство со можните адвертајзери (запечатено со неговата јавна и јасна порака до нив „Go Fuck Yourself)“ со тужба против коалицијата која ги претставува големите адвертајзинг пари за координиран бојкот и кршење на антимонополските правила на пазарот.

Тужбата е поднесена во Тексас, адресирана е до Глобалната федерација на адвертајзери која се обвинува дека координирала компании да ги запрат парите за Икс откако Маск ја презема платформата во 2022 година.

Во пресрет на преземањето, 18 фирми ги прекинаа рекламните кампањи на Икс а десетици други ги намалија буџетите, во неколку случаи за над 70 проценти, во обид да го принудат Икс да имплементира фаворизирани политики, се вели во тужбата.

Во предметот се вклучени и неколку големи компании, како што е Марс, CVS Health, Унилевер и данската компанија за обновливи извори на енергија Орстед.

„Незаконското однесување на овие организации и нивните директори го чинеше Икс милијарди долари“, напиша извршната директорка Линда Јакарино во отвореното писмо до огласувачите. „Луѓето се оштетени кога им се потценува пазарот на идеи а некои гледишта се потиснуваат во однос на други како дел од нелегалниот бојкот“.

Икс тврди дека на клиентите им било препорачувано да го прекинат рекламирањето заради „висок ризик“ за нивниот бренд. По ваквиот  бојкот, Икс приходно падна за 80 отсто под очекуваното што ја принудило компанијата да ги намали цените на рекламите многу под оние што ги наплаќаат најблиските конкуренти на пазарот за рекламирање на социјалните медиуми.

„Докажавме дека нашата платформа им овозможува на огласувачите безбедно да ги покажат своите брендови и ефикасно да стигнат до нивната публика. Затоа работев со добра волја со маркетери ширум светот за да ги прикажам нашите иновации и да ги ублажам сите грижи за брендовите со кои соработувам со децении.

За жал, и покрај сите наши напори, стотици состаноци и истражувања кои го докажуваа спротивното, многу компании избраа да ги отфрлат фактите.

На оние кои го прекршиле законот им велиме доста е. Ние сме принудени да бараме правда за штетата што е направена од овие и потенцијално други дополнителни обвинети, во зависност од тоа што ќе открие правниот процес. Јасно е дека веројатно има и други кои страдале од ваква активност. Овој случај е повеќе од барање отштета – мораме да поправиме еден расипан екосистем кој дозволува вакви незаконски активности.

Бидете сигурни, нема да престанеме да го браниме нашиот глобален градски плоштад“, пиша Јакарино.

********

Види и:

Во име на сите уценети

Стариот Твитер беше државен медиум

Заговор куќа гради

Тајните црни листи на Твитер

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Прилеп почнуваат чествувањата за 23 години од Карпалак

Следно

Дали Европа ќе возврати на провокативните потези на Унгарија?

Latest from Blog

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи во Соединетите Американски Држави и добитник на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“, присуствуваше на вечера на имотот Мар-а-Лаго во Флорида, каде што лично

Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!

 Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД. Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“.

Евростат: Македонија со најниско ценовно ниво на храната и безалкохолните пијалаци

Храната и безалкохолните пијалаци во Македонија се 25,2% под просекот на Европската Унија. Најголема разлика има кај овошјето и јаткастите плодови, лебот и житарките, додека цените на маслата и мастите се најблиску

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на
Go toTop