Израелската армија приведе уште 16 Палестинци на Западниот Брег

August 6, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската армија денес приведе уште 16 Палестинци во воените упади низ окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Приведувањата се извршени во градовите Џенин, Тубас, Калкилија, Витлеем и Хеброн, се вели во заедничката изјава на Комисијата за прашања на затворениците и Здружението на палестински затвореници.

Израелските сили ги нападнале и им се заканувале на приведените и на членовите на нивните семејства и ги уништувале нивните домови, се додава во соопштението.

Според палестинските податоци, со новите приведувања вкупниот број Палестинци од Западниот Брег кои израелската армија ги има приведено од октомври минатата година достигна 9.970, меѓу кои и оние кои се по извесен период ослободени.

Во соопштението се истакнува дека во овој број не се вклучени приведените од Појасот Газа, кој се проценува на илјадници.

Во текот на изминатите неколку години израелската армија спроведуваше редовни рации на Западниот Брег, кои ескалираа со почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година. Палестинците, исто така, беа насилно напаѓани од илегалните еврејски доселеници.

Според Министерството за здравство, оттогаш на Западниот Брег се убиени најмалку 611 Палестинци, а речиси 5.400 се повредени од оган на израелската армија на окупираната територија.

Меѓународниот суд на правдата на 19 јули ја прогласи повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел за „нелегална“ и побара евакуација на сите постојни населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Источен Кудс).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пиши Русите се криви

Следно

Осум години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица

Latest from Blog

Руски воени бродови пристигнаа во Кина; Наскоро треба да започнат заеднички вежби

Веста беше објавена во недела од страна на кинеското Министерство за одбрана и руските државни медиуми, објави Ројтерс. Во соопштението се наведува дека вежбите се одржуваат секоја година „со цел заедничко справување

Голем пожар во Кисела Вода

Голем пожар избувна попладнево во објект на Јужен булевар во скопската населба Кисела Вода, а густ црн чад се гледа од повеќе делови на главниот град. Директорот на Дирекцијата за заштита и

Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид

Тимот на Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч. Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната

Нежната срна спасена, но со тешки последици сега живее на село, со мало јаре спасено од колење

Срната била пронајдена во житно поле во Кичевско, од двајца работници на ЕВН, со две речиси пресечени нозе и една тешко повредена. Според Здружението за заштита на животните „Анимал рескју проект“, некој
Go toTop